Достапни линкови

Земјоделците од Југоисточна Европа имаат исти проблеми


Macedonia - International Conference on the development and promotion of innovation and entrepreneurship in crop and livestock production.
Macedonia - International Conference on the development and promotion of innovation and entrepreneurship in crop and livestock production.

Проблеми со пласманот, со цените, манипулации, законски неусогласувања, политички малверзации, се само дел од проблемите со кои се соочуваат земјоделците од Југоисточна Европа,

Со исти проблеми се соочуваат земјоделците од Југоисточна Европа, од тешкотии со пласманот на родот до политички малверзации. Ова го посочи претседателот на Федерацијата на фармери на Македонија, Никола Стаменов на неодамнешната интернационална конференција АГРО –СТАР за развој и промовирање на иновациите и претприемништвото во растителното и сточарското производство.

Проблеми со пласманот, со цените, манипулации, законски неусогласувања, политички малверзации, мала инволвираност на младите во земјоделството и недоволно образование и стручност.
Никола Стаменов, претседател на Федерацијата на фармери на Македонија.

„Ние сите од регионот на Југоисточна Европа како земјоделци и земјоделски компании имаме исти проблеми. Тоа значи проблеми со пласманот, со цените, манипулации, законски неусогласувања, политички малверзации, мала инволвираност на младите во земјоделството и недоволно образование и стручност“, рече Стаменов.

Интернационална конференција АГРО–СТАР.
Интернационална конференција АГРО–СТАР.

Земјоделските компании од Македонија со оние од прегурганичните региони соработуваат претежно преку размена на земјоделски, млечни производи, а кон Грција извоз на јачмен и маслена репка. Но, има простор за уште поголема соработка,сметаат експертите.

Многу е важна прекуграничната соработка за да бидат повеќе конкурентни, да остварат подобри приходи, да направат подобри производи. Би сакале да им помогнеме здружено да најдат начини заедно да си помагаат, да ги зближиме луѓето од пограничните региони.
Робин Лидел, претставник на Европската унија.

„Многу е важна прекуграничната соработка за да бидат повеќе конкурентни, да остварат подобри приходи, да направат подобри производи. Би сакале да им помогнеме здружено да најдат начини заедно да си помагаат, да ги зближиме луѓето од пограничните региони“, изјави Робин Лидел, претставник на Европската унија.

Македонските земјоделски фирми во земјите од Југоисточна Европа извезуваат градинарски производи, овошје пред се јаболка и малини. Преку АГРО-СТАР се изработени и современи интернет алатки кои ќе им помогнат на земјоделците од дванаесет европски земји да се поврзат меѓу себе.

„Имаме создадено веб страница и протокол за услови за поддршка во Југоисточна Европа која ги опфаќа сите алатки кои досега ги имаме осмислено. Имаме водич за добри практики, имаме и два курса за електронско учење наменето за малите и средните фарми“, изјави Аурелија Росу, вклучена во проектот.

Изработена е и дата база на податоци со 420 фирми од Југоисточна Европа со цел да разменуваат искуства и да се поврзат во бизнисите.

„Се прават паралелни истражувања и проучувања за цените и за услугите што се предлагаат во рамките на растителното и сточарското производство. Да се најдат и меѓународни партнери и фирми кои ќе сакаат да ги откупат земјоделските производи од Македонија или од друг регион“, изјави Ѓорги Табаков, претседател на Бугарскиот економски форум.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG