Достапни линкови

Глувци на есенска берба во Пелагониско


Глувци го нападнаа Пелагониско Поле. Моментално штетите од глодарите кај зеленчукот, пред сè доматите и пиперките, се 40 проценти.

Есенва, како никогаш досега во последните години, глувци ги нападнаа земјоделските производи по нивите во Пелагониско Поле, се жалат земјоделците. Моментално штетите од глодарите кај зеленчукот, пред сè доматите и пиперките, се 40 проценти. Изгризаниот род не е за употреба и брзо скапува. Штети се направени и врз куртовската капија, патентирана сорта на пиперка за ајвар која се одгледува во пелагониското село Кукуречани како пилот проект.

Некоја пиперка цела ќе ја изедат, друга пола, на некоја само семето ќе и го извадат. Луцерките ги изедоа. Топла беше зимата, немаше снег и се размножија. Сериозна е работата.
земјоделец од Кукуречани.

„На сè штети направија, по пиперки, домати, тутун, сончоглед, пченка. Најубавите домати и пиперки ги изгризаа. Откако ќе ги нагризат, потоа луѓето не ќе ги јадат. Ова е првпат, слично беше и за земјотресот во 1993 година. Ставаат отрови, но попусто, ништо не ги ништи.“

„80 години наполнив, не паметам толку глувци да имало досега. Целиот грав ни го изедоа, го сомлеа.“

Увидени се штети и кај житните култури, градинарските и тутунот, но таму глувците само се хранат, додека, пак, живеалиштата се во луцерките.
Игор Златков, директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

„Сè јадат. Житото го јадеа, го нагризуваа стеблото и паѓаше растението, па го гризеа класјето.“

„Некоја пиперка цела ќе ја изедат, друга пола, на некоја само семето ќе и го извадат. Луцерките ги изедоа. Топла беше зимата, немаше снег и се размножија. Сериозна е работата, некој ќе купи нагризана пипека за ајвар, може поголема епидемија да настани“, реагираат повеќе земјоделци од село Кукуречани.

Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството соопштија дека работна група од експерти констатира зголемена појава на полски глувци, најмногу на необработени површини и на постари насади под луцерка.

„Констатирано беше дека има повеќе од 15 легла на еден метар квадратен, претежно кај постарите луцерки каде што се наоѓаат „огништата“. Увидени се штети и кај житните култури, градинарските и тутунот, но таму глувците само се хранат, додека, пак, живеалиштата се во луцерките“, вели Игор Златков, директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Акцијата за нивно уништување ќе се изведе во декември, како и во рана пролет.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG