Промовирањето на туристичката локација мостот „Еленски скок“ во регионот на Мала Река е само една од многубројните туристички локалитети кои ќе ги има во скора иднина во Дебарско – реканскиот регион. Пилот проектот на Советот на Европа кој се спроведува и во Република Македонија, поддржува локален развој на регионите преку искористување на културните и природните богатства, кои во најзападниот регион на Македонија ги има во изобилство.
Покрај овој значаен мост, во Дебар има и други бројни културни знаменитости, но до сега многу малку е инвестирано за нивно одржување.Ружди Лата, градоначалник на Дебар.
Во општина Дебар малку е инвестирано на тој план за заштита на културните знаменитости, а по промовирањето на туристичката локација мостот „Еленски скок“, се верува дека ќе се инвестира и во други слични локации, вели градоначалникот на Дебар, Ружди Љата.
„Покрај овој значаен мост, во Дебар има и други бројни културни знаменитости, но до сега многу малку е инвестирано за нивно одржување. Во последните 20-тина години е инвестирано само во реконструкцијата на куќата со староградска дебарска архитектура на семејството Села, потоа градскиот Амам и сега на локацијата „Еленски скок“. Овој мост покрај големото културно значење што го има, исто така го карактеризира и фактот што него од изградбата заедно го користат и муслимани и христијани кои живеат во овој регион“, рече Љата.
Како основна цел на овој пилот- проект кој има големо значење е вклучувањето на културното и природното наследство како ресурс во одржливиот развој на овој регион.Снежана Герасимова Матевска.
Постојат сите услови во регионот Дебар – Река преку бројните туристички локации и заштита на културните историски споменици да се подобри и материјалната благосостојба на населението, истакнува координаторката на овој пилот-проект Снежана Герасимова Матевска.
„Како основна цел на овој пилот- проект кој има големо значење е вклучувањето на културното и природното наследство како ресурс во одржливиот развој на овој регион. Со тоа фактички се спречува уништувањето на културното и природното наследство во регионот каде што го има наголемо, но и за да се создаваат услови за да се задржи овде населението, бидејќи има силна миграција. Овие проекти создаваат можности за да се спречи депопулацијата и миграцијата и да се овозможи економски раст на регионот.“
Локалните власти во општините Дебар и Маврово- Ростуше веќе договорија и со сопствени средства да продолжат свои активности преку инвестиции во промовирање на нови туристички локации од кои материјални ефекти ќе имаат и локалните власти.