Пешачка планска патека долга 34,5 километри ќе ги поврзува најубавите погранични селски населби на општините Дебар и Пешкопеја. Овој меѓуграничен проект на Македонија и Албанија, што го финансира ЕУ, а во дел и владите на двете држави, се очекува да придонесе за развојот на туризмот, особено планинскиот и руралниот на двете страни од македонско-албанската граница кај Дебар.
Според проектот,пешачката планинска патека на македонска страна е долга 17 километри и започнува во познатото туристичко село Бањиште, познато по бањскиот туризам, додека на албанска страна патеката е долга 17,5 километри и почетокот е кај едно село во близина на градот Пешкопеја.
Претставникот на дебарската локална група за делување при овој проект Шуип Марку вели:
„Очекуваме да имаме заедничка туристичка понуда без во тоа да има влијание границата. Ќе имаме поврзување со патека од овде кај Бањиште се до селото Косоврасти, а потоа и со селата од Албанија кај Пешкопеја. Границата, веруваме, дека сега не ќе биде пречка за туристите да ги посетат селата од двете страни. Групите на туристи сега ќе можат слободно да посетуваат села и убавини како во Македонија, така и во Албанија во овој дел на планината. Оваа пешачка патека ќе го развива руралниот туризам и бенефитите ќе бидат големи на двете страни. Ќе има ефекти и за угостителството.“
Извршниот директор на Националниот центар за обука и асистенција од Тирана, Мифтар Дочи, смета дека проектот кој е заеднички со Фондацијата за развој на локалната заедница во Македонија, е добра промоција на планинскиот туризам на планината Дешат.
„Ние сметаме дека овој проект е скромен почеток за промоција на планинскиот туризам во двете држави, особено во пограничниот регион. Очекуваме ефектите да се големи. Сега веќе се формирани локалните групи за делување во Дебар и Пешкопеја преку кој се реализира проектот и кои се главни актери во оваа активност“, истакнува Дочи.
Планиската пешачка патека според проектот Одржување на руралниот развој во меѓуграничниот регион на венецот Дешат, дава широки можности туристите од двете страни на границата покрај убавините во овој предел да ги посетат и убавите селски населби кои ги имаат зачувано традиционалните куќи. Исто така во наредната фаза на проектот за туристите ќе се овозможи и вкусување на традиционалните јадења од што бенефит ќе имаат и селаните кои ке се занимаваат со туризмот.
Границата, веруваме, дека сега не ќе биде пречка за туристите да ги посетат селата од двете страни.Шуип Марку.
Според проектот,пешачката планинска патека на македонска страна е долга 17 километри и започнува во познатото туристичко село Бањиште, познато по бањскиот туризам, додека на албанска страна патеката е долга 17,5 километри и почетокот е кај едно село во близина на градот Пешкопеја.
Претставникот на дебарската локална група за делување при овој проект Шуип Марку вели:
Ние сметаме дека овој проект е скромен почеток за промоција на планинскиот туризам во двете држави, особено во пограничниот регион. Очекуваме ефектите да се големи.Мифтар Дочи.