Стопанскиот развој на општина Дебар во добар дел е поврзан и со развојот на бањскиот туризам. Познатите термоминeрални води во бањските локалитети во Бањиште и Косоврасти, секогаш биле посетувани од голем број гости како од земјава така и од странство. Сепак Дебарските Бањи по нивната приватизација , речиси го удвоија бројот на посетителите, со оглед на модернизацијата на сместувачките капацитети, а локалната власт преку урбанистички решенија создава можности за развој на бањскиот туризам.
„Од 15 октомври 2004 година, кога е извршена приватизацијата па се до денешен ден во реновирање, адаптација и проширување на капацитетите се инвестирани околу 4 милиони евра“, подвлекува сопственикот на АД Дебарски Бањи – Цапа, Меџит Цапа.
Според него, минатата година се реализирани 70 илјади ноќевања што е двојно повеќе во споредба со периодот од пред приватизацијата. Според него многу е битно што расте и бројот на странските гости.
„Податоците говорат дека минатата година бројот на странските гости беше над 60 насто, додека оваа бројка на странски туристи во другите бањи е многу помала“, истакнува Цапа .
Градоначалникот на Дебар, Аргетим Фида, вели дека развојот на општината е тесно пооврзан со развојот на бањскиот туризам. Дебарските Бањи имаат мошне квалитетна термоминарална вода која е многу лековита. Поради овалокалната власт презема активности за натамошен развој на капацитетите.
„Локалната самоуправа за бањските локалитети во Бањиште и Косоврасти, реализираше нови урбанистички планови со цел да се овозможи изградба на нови хотелски капацитети, но и рекреативни центри. Со детаљниот урбанистички план се дава можност за нови инвестиции што секако ќе донесат и развој на бањскиот туризам.“
Сепак, според градоначалникот на Дебар, локалната власт не е во можност да финансира санација и реконструкција на патните правци во двата локалитета бидејќи тие се регионални патишта.
„Неоходни се инвестиции и во однос на патната инфраструктура. Но со оглед дека приходите од ДДВ и персонален данок одат на централно ниво, тогаш има потреба Агенцијата за патишта да ја реализира потребната реконструкција на овие патни правци“, вели Фида.
Од 15 октомври 2004 година, кога е извршена приватизацијата па се до денешен ден во реновирање, адаптација и проширување на капацитетите се инвестирани околу 4 милиони евра.
„Од 15 октомври 2004 година, кога е извршена приватизацијата па се до денешен ден во реновирање, адаптација и проширување на капацитетите се инвестирани околу 4 милиони евра“, подвлекува сопственикот на АД Дебарски Бањи – Цапа, Меџит Цапа.
Според него, минатата година се реализирани 70 илјади ноќевања што е двојно повеќе во споредба со периодот од пред приватизацијата. Според него многу е битно што расте и бројот на странските гости.
„Податоците говорат дека минатата година бројот на странските гости беше над 60 насто, додека оваа бројка на странски туристи во другите бањи е многу помала“, истакнува Цапа .
Градоначалникот на Дебар, Аргетим Фида, вели дека развојот на општината е тесно пооврзан со развојот на бањскиот туризам. Дебарските Бањи имаат мошне квалитетна термоминарална вода која е многу лековита. Поради ова
Податоците говорат дека минатата година бројот на странските гости беше над 60 насто, додека оваа бројка на странски туристи во другите бањи е многу помала.