Достапни линкови

УСАИД ќе ѝ помага на дијаспората да инвестира во Македонија


Почеток на проектот на УСАИД за помош за инвестиции од македонската дијаспора.
Почеток на проектот на УСАИД за помош за инвестиции од македонската дијаспора.

Според Светската банка, македонската дијаспора годишно испраќа над 500 милиони долари во Македонија, но најчесто парите одат за помош на семејствата, а не за развој на некаков бизнис.

Повеќе од 232 милиони емигранти на глобално ниво кои во моментов работат во странство, на своите семејства во родните земји годишно им испраќаат над 500 милијарди долари.

Најголем дел од овие приливи се користат за основните потреби на семејствата. Само еден мал дел од средствата се користат за проширување на деловните активности или за започнување на нови.
Пол Волерс, амбасадор на САД во Македонија.

Поради овој податок американската владина агенција УСАИД, заедно со инвестициската интернет платформа „Хоумстринс“ и организацијата „СЕАФ“, формираа фонд преку кој парите на дијаспората ќе можат да се инвестираат во мали и средни бизниси, со што би се поттикнал економски раст и одржлив развој.

Амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс, вели дека овие ресурси се недоволно искористени и имаат огромен потенцијал да помогнат во развојот на повеќе земји.

Срцето на овие луѓе секогаш останува во земјата која ја напуштиле и затоа тие праќаат пари дома. Но, дали тие заработуваат нешто од тоа? Дали остваруваат профит? Најчесто не! Бидејќи тие пари ги праќаат за образование, за домот и за потребите на семејството. Затоа ние размислувавме, зошто да не заработиме нешто додека им помагаме на нашите семејства.
Рубелин Алкантара, интернет платформа „Хоумстрингс“.

„Низ целиот свет дијаспората е голема. Многу луѓе одат да живеат надвор од своите земји и им праќаат пари на своите семејства. Во тоа е потенцијалот, во големината на овие приливи коишто изнесуваат 534 милијарди долари. Најголем дел од овие приливи се користат за основните потреби на семејствата. Само еден мал дел од средствата се користат за проширување на деловните активности или за започнување на нови. Анкетите и истражувањата покажуваат дека 15 отсто или 80 милијарди долари можат да се пренасочат за финансирање на развојот, доколку за тоа се обезбеди соодветна финансиска алатка“, вели тој.

Амбасадорот Волерс потенцира дека овој фонд треба да им помогне на малите и средните компании да го прошират своето работење, да развијат нови производи и услуги и да освојат нови пазари.

Македонија е првата земја која ќе почне да го користи овој фонд. Според Светската банка, македонската дијаспора годишно испраќа над 500 милиони долари во Македонија. Рубелин Алкантара од интернет платформа „Хоумстрингс“, преку која луѓето од дијаспората можат да инвестираат, истакна дека постојат повеќе можности за да се направат профитабилни инвестиции.

„Кога некој ја напушта својата земја, тоа најчесто го прави за да најде нови можности или поради тоа што бега од тешкотијата во својата земја. Срцето на овие луѓе секогаш останува во земјата која ја напуштиле и затоа тие праќаат пари дома. Но, дали тие заработуваат нешто од тоа? Дали остваруваат профит? Најчесто не! Бидејќи тие пари ги праќаат за образование, за домот и за потребите на семејството. Затоа ние размислувавме, зошто да не заработиме нешто додека им помагаме на нашите семејства“, вели таа.

Инвестициската организација „СЕАФ – Средства за поддршка на мали претпријатија“ која раководи со фондот, ќе ги анализира избраните компании и ќе утврдува кои би биле најефикасни инвестиции. Берт ван дер Ваарт од „СЕАФ“ истакна дека организацијата веќе има направено вложувања во повеќе компании во Македонија и според него тие инвестиции покажуваат дека во земјата постојат одлични претпријатија кои можат да прераснат во значајни и одржливи компании кои можат да се поддржат.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG