Достапни линкови

Бирократијата ги отежнува инвестициите од дијаспората во Охрид


Охрид.
Охрид.

Во Охрид, Македонци од дијаспората најмногу инвестираат во купување на недвижнини и изградба на станови, но никој во инвестиција која би отворила повеќе работни места.

Македонците кои живеат во Австралија сакаат да инвестираат во татковината, но велат дека треба уште работи да се променат за да се подобри климата за инвестирање, а со тоа да се зголеми бројот на Македонци кои дел од својот капитал би го вложиле во Македонија.

Многу луѓе сакаат да дојдат, но тој потег не го прават. Мора да се направи нешто за да се упростат работите, да нема тежина во набавките на дозволи за работа, дозволи за градење. Да нема чекање со години за нешто да направат и да се попишманат.
Сотир Сотироски, Македонец кој живее во Австралија.

Сотир Сотироски кој многу години живеел во Западна Австралија веќе неколу години живее во Охрид, каде што има угостителски објект. Вели дека Охрид е примамлив за инвестирање и оти не се кае што инвестирал овде. Тој им порачува на нашинците во Австралија да дојдат и да инвестираат овде.

„Да дојдат, бидејќи болката за враќање дома е голема. Многу луѓе сакаат да дојдат, но тој потег не го прават. Мора да се направи нешто за да се упростат работите, да нема тежина во набавките на дозволи за работа, дозволи за градење. Да нема чекање со години за нешто да направат и да се попишманат“, рече Сотироски.

Она што тие го бараат од нас се погодни локациски услови и изградба на инфраструктура за нивните инвестиции и погодности кои локалната самоуправа би ги дала во привлекувањето на странски инвестиции, покрај поволностите кои ги дава и Владата на Македонија.
Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид,

Властите треба да бидат поупорни за да ги донесат нашите иселеници бидејќи има богати Македонци, вели Сотироски.

Во Охрид, Македонци од дијаспората најмногу инвестираат во купување на недвижнини и изградба на станови, но никој во инвестиција која би отворила повеќе работни места.

„Треба луѓето да имаат доверба. бидејки многу луѓе изгубија доверба. Законите се менуваат, еднаш вака, еднаш така и не им е јасно. Кога ќе дојдат тука и кога ќе почнат да пополнуваат документи, тие им кажуваат ајде уште и вакви документи. Кога ќе изгубиш доверба, тоа е. Нашите одовде треба да не запознаат како работат“, вели една Македонка иселена во Австралија.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески вели дека општината прави напори да ја привлече македонската дијаспора да инвестира во Охрид.

„Она што тие го бараат од нас се погодни локациски услови и изградба на инфраструктура за нивните инвестиции и погодности кои локалната самоуправа би ги дала во привлекувањето на странски инвестиции, покрај поволностите кои ги дава и Владата на Македонија.Таквите наши олеснувања би биле во делот на ослободување на даноците за комунални услуги, други давачки, поволни услови за купување на земјиште кое е во сопственост на општина“, рече Бакрачески.

Тој неодамна имаше средба и со Тим Оверал, градоначалник на австралискиот град Квинбиан во кој живеат повеќе од 2.000 македонски иселеници, од кои 800 се од охридско. Во овој град живее трета генерација Македонци. Тие потпишаа договор за соработка во делот на туризмот, културата, спортот и образованието. Постои можност за соработка меѓу бизнис заедницата од двата града, а со помош на Квинбиан да се формира и крикет клуб во Охрид, спорт кој е популарен во Австралија.

XS
SM
MD
LG