Invest in Ohrid или Инвестирајте во Охрид е брошурата со која градот ќе се презентира пред потенцијалните странски инвеститори кои треба да го вратат Охрид во живот. Во брошурата, на 40 страни се поместени поволностите за инвестирање, слободните локации, туристички зони како Далјан, Грашница, Андон Дуков во кои некогашните препознатливи одморалишта и хотелски капацитети опустошени зјааат празни, како и некогашниот бренд на градот, Хотелот Палас.
Претставени се и две индустриски зони за каде локалните власти конкретни активности очекуваат во наредниот период. Охрид е првата општина во Македонија која ќе се презентира на ваков начин, а градските власти за сопствена промоција веќе ангажирале економски промотори во странство по примерот на владините промотори. Ова е можност потенцијалните инвеститори на едно место да добијат брз и ефикасен преглед на можностите за инвестирање, а со цел креирање на нови работни места, вели охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.
„Општина Охрид има и свои сертифицирани економски промотори за во некои држави кои што имаат можност да ги промовираат туристичките потенцијалите и оние во делот на индустријата. За таа намена се одредени економски промотори во Канада, Северна Италија, САД, Белгија и Холандија, Германија и соседните држави“, рече Бакрачески.
Ова е прво издание на брошурата Инвестирајте во Охрид кое во иднина ќе се надополнува со нови податоци и информации. Ѓоко Апостолов, раководител на секторот за туризам и локален економски развој, рече дека преку Агенцијата за странски инвестиции брошурата во електронска верзија ќе се доставува до сите амбасади на Македонија во странство.
„Во март или април се планира промоција на економскиот потенцијал на Охрид , промоција на оваа брошура пред бизнис секторот на Република Албанија. На овој начин се направи мало раздвижување во однос на прибирањето на податоци но и во однос на промоцијата на сите потенцијали и проекти кои ги нуди Општина Охрид“, вели Апостолов.
Бакрачески не кажа која би била првата инвестиција во Охрид и покрај многуте најави. Очекува конкретни информации и до каде е инвестицијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој во Љубаништа, кој преку оглас во неговата Индија најави дека ќе инвестира 2,7 милијарди евра во Македонија од кои околу 1 милијарда во туризмот.
„Ја добивме таа информација и немаме официјална потврда на најавите на Субрата Рој за сумата на средства кои би ги инвестирал во Македонија. Во наредниот период ќе побараме официјални информации од неговото претставништво во Скопје, по што ќе формираме наш став или стратегија како тие средства кои ги најавил Рој би можеле да бидат биле искористени во Општина Охрид“, рече Бакрачески.
Но, опозицијата, како на локално, така и на централно ниво, во неколку наврати досега јавно изрази сомнежи околу најавената инвестиција на Субрата Рој за Љубаништа.
Општина Охрид има и свои сертифицирани економски промотори за во некои држави кои што имаат можност да ги промовираат туристичките потенцијалите и оние во делот на индустријата. За таа намена се одредени економски промотори во Канада, Северна Италија, САД, Белгија и Холандија, Германија и соседните држави.Никола Бакречески, градоначалник на Охрид.
Претставени се и две индустриски зони за каде локалните власти конкретни активности очекуваат во наредниот период. Охрид е првата општина во Македонија која ќе се презентира на ваков начин, а градските власти за сопствена промоција веќе ангажирале економски промотори во странство по примерот на владините промотори. Ова е можност потенцијалните инвеститори на едно место да добијат брз и ефикасен преглед на можностите за инвестирање, а со цел креирање на нови работни места, вели охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.
„Општина Охрид има и свои сертифицирани економски промотори за во некои држави кои што имаат можност да ги промовираат туристичките потенцијалите и оние во делот на индустријата. За таа намена се одредени економски промотори во Канада, Северна Италија, САД, Белгија и Холандија, Германија и соседните држави“, рече Бакрачески.
Во март или април се планира промоција на економскиот потенцијал на Охрид , промоција на оваа брошура пред бизнис секторот на Република Албанија.Ѓоко Апостолов, раководител на секторот за туризам и локален економски развој во Општина Охрид.