Македонските амбасадори и конзулите од следната година ќе бидат и економски промотори, ќе привлекуваат и странски инвестиции, а ќе развиваат и т.н, здравствена дипломатија, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски, по средбата со амбасадорите. Попоски смета дека дипломатите не се оддалечуваат од својата првобитна функција, туку едноставно сакаат да бидат застапени во повеќе гранки.
„Дел од нашата стратегија што е можно да се посветиме на економската дипломатија. Во делот на политичките приоритети имаме многу јасна цел во која во континуитет успеваме да напредуваме во тој дел, а тоа е евроатланската интеграција, надвор од тоа економската дипломатија на нашата дипломатија надвор.“
Како позначајно остварување од стратешките цели министерот го наведе тоа што земјата по петти пат доби препорака од ЕК за отпочнување на преговори со Унијата.
Во делот на глобалното дејствување Попоски го нотираше отворањето на амбасада во Јапонија, а за следната година најави отварање на дипломатски претставништва во Бразил, Казахстан и Обединетите Арапски Емирати.
Дводневниот состанок на државниот врв со амбасадорите во политичкиот дел ќе биде посветен на добрососедските односи. Министерот вели тие остануваат посветени на прашањето за името со Грција и работат за негово надминување.
„Проактивни сме, отворени сме за дискусија, и остануваме на нашата понуда за интензивен дијалог на политичко ниво со соговорниците од Атина. Во делот на меѓународно-правната рамка, единствен чинител, односно единствена земја која воопшто нема приметено дека Меѓународниот суд на правдата има донесено пресуда за ова прашање е токму засегнатата страна. Тоа би требало да се промени особено доколку претндираме на почитување на меѓународното право и доколку претендираме дека сакаме да бидеме фактор на стабилност во регионот.“
Но сепак Попоски вели дека Грција е таа која треба да преземе чекори, но со оглед на побитните прашања кои ја засегаат во моментот, таа не е посветена на досието Македонија.
Што се однесува до односите со Бугарија, Попоски вели дека со соговорниците во Софија водат разговори за прашањата од заеднички интереси, само треба да се постави рамката за договор.
„Сметам дека е многу значајно каква клима ќе изградиме на едната и на другата страна. Во однос на договорот конкретно, Македонија не е против воспоставување на било каква рамка која би ни ги подобрила односите, но таа рамка мора да води сметка за чувствата од двете страни на границите.“
Македонската дипломатија изминатиот период беше позната и по скандали. Партиски кадар, нестручни луѓе, лекари, министри, вработени во пошта беа испратени за амбасадори изминатите години. Па така во изминатиот период дел од дипломатите се однесуваа нималку дипломатски и наместо со своите политички достигнувања, ги полнеа медиумите со своите скандали. Љубовници, невенчани жени, вонбрачни и киднапирани деца, врски со мафија, пијани амбасадори, недолично однесување во јавност, се само дел од приказните.
Оваа година Владата воведе нова практика во дипломатијата и одлучи преку јавен оглас да бира амбасадори и конзули. За 19 -те амбасадорски и за три конзуларни места, се пријавија 700 луѓе. Според владата на конкурсот имаа право да се пријават сите квалитени луѓе, а ветија и дека при изборот ќе се почитуваат сите правила и прописи, но за амбасадори се избраа веќе познати имиња, а најголем дел од амбасадорите само беа ротирани од едно на друго место.
Во делот на политичките приоритети имаме многу јасна цел во која во континуитет успеваме да напредуваме во тој дел, а тоа е евроатланската интеграција, надвор од тоа економската дипломатија на нашата дипломатија надвор.Никола Попоски, министер за надворешни работи.
„Дел од нашата стратегија што е можно да се посветиме на економската дипломатија. Во делот на политичките приоритети имаме многу јасна цел во која во континуитет успеваме да напредуваме во тој дел, а тоа е евроатланската интеграција, надвор од тоа економската дипломатија на нашата дипломатија надвор.“
Како позначајно остварување од стратешките цели министерот го наведе тоа што земјата по петти пат доби препорака од ЕК за отпочнување на преговори со Унијата.
Во делот на глобалното дејствување Попоски го нотираше отворањето на амбасада во Јапонија, а за следната година најави отварање на дипломатски претставништва во Бразил, Казахстан и Обединетите Арапски Емирати.
Проактивни сме, отворени сме за дискусија, и остануваме на нашата понуда за интензивен дијалог на политичко ниво со соговорниците од Атина.Никола Попоски, министер за надворешн работи.