Достапни линкови

Охрид го напуштаат 1.000 луѓе годишно


Најголем дел од нив заминуваат во странство, а другиот дел во Скопје. Минатата година според податоците на Државниот завод за статистика од Охрид си заминалие 766 граѓани, во 2012 тој број изнесувал 1296, додека во 2011 година, 1069 граѓани. Тоа се официјални бројки, но неофицијалните се дека тој број е далеку поголем.

Загрижувачки се податоците дека Охрид прераснува во град од каде последните неколку години се иселуваат најмногу граѓани. Во просек Охрид секоја година го напуштаат околу 1.000 луѓе, најголем дел од нив заминуваат во странство, а другиот дел во Скопје. Минатата година според податоците на Државниот завод за статистика од Охрид си заминалие 766 граѓани, во 2012 тој број изнесувал 1296, додека во 2011 година, 1069 граѓани. Тоа се официјални бројки, но неофицијалните се дека тој број е далеку поголем.

Во општината недостасува една поорганизирана форма за ангажирање и активирање на младите во делот на вработување и други содржини.
Димче Каневче, претседател на младинскиот совет од Охрид.

Димче Каневче претседател на младинскиот совет од Охрид вели дека на Охрид му недостасуваат повеќе слободни работни места и содржини за да може младите да останат и да живеат во градот.

„Една од основните цели е да ги насочиме и научиме младите на почитување на правилните морални норми и сето она што тие ќе го стекнат како знаења од искуствата кои ги преземаме е со цел да останат и да работат во општината, а не како што е тренд во државата да го напуштаат своето родно место. Во општината недостасува една поорганизирана форма за ангажирање и активирање на младите во делот на вработување и други содржини“, вели Каневче.

Почеток на изградбата на индустриска зона во Струга, август, 2014.
Почеток на изградбата на индустриска зона во Струга, август, 2014.

Според локалните власти отварањето на фабриката на германската компанија ОДВ Електрик во Охрид ќе ја раздвижи локалната економија, бидејки најавите се дека вкупниот број на вработени во наредните години во фабриката ќе достигне 1.000.

Една од колешките која ќе почне да работи, неколку години работела 13 часа на ден, не добива одмор и боледување и прима 8.000 денари плата. Таа ќе почне да работи кај нас со 40 часа работно време и ќе има 200 евра плата.
Огнен Цобалески, ОДВ Електроник.

Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека ова е основен предуслов за подигање на животниот стандард на охриѓани.

„И во иднина ќе дадеме силна подршка на сите овие напори со цел да направиме олеснување и забрзување на постапките кои што се во ингеренции на локалната самоуправа и да дадеме подршка овие странски инвестиции што поефикасно, полесно и порационално да се реализираат во Охрид“, рече Бакрачески.

Менаџерскиот тим во ОДВ најави дека платата ќе биде просечна македонска, но не и германска плата. Извршниот директор Огнен Цобалески рече дека нивните плати ќе биле и поголеми од македонскиот просек.

„Не можеме ние да очекуваме во Македонија германски плати, а македонска продуктивност. Една од колешките која ќе почне да работи, неколку години работела 13 часа на ден, не добива одмор и боледување и прима 8.000 денари плата. Таа ќе почне да работи кај нас со 40 часа работно време и ќе има 200 евра плата. Платите се над македонскиот просек, платите се квалитетни и се она што оди со нив“, рече Цобалески.

За почеток компанијата ќе почне да работи во адаптиран објект, се до изградбата на фабриката во индустриската зона меѓу Охрид и Струга.

XS
SM
MD
LG