Македонските атлетичари Тања Велјановска и Кире Наунчевски од Охрид ја започнаа нивната благородна идеја за подигнување на јавната свест за спас на охридската јагула и возобновување на нејзиниот природен пат. Поради изградбата на неколкуте хидроцентрали во Македонија и Албанија во 60-те години на минатиот век, тој пат од Саргасовото Море беше прекинат. Тие планираат во наредната една и пол година да истрчаат 7.400 километри колку што е должината на тој пат.
Она што сакаме да го постигнеме е јагулата повторно да го обнови својот пат од Охридското Езеро сè до Саргасовото Море кое се наоѓа во Атлантскиот Океан. Тоа во други држави е решено така што има водни канали, водени лифтови т.н рибни канали. Сакаме да ја подигнеме свеста дека на тоа поле не се мрднува.Тања Велјановска, атлетичарка.
„Она што сакаме да го постигнеме е јагулата повторно да го обнови својот пат од Охридското Езеро сè до Саргасовото Море кое се наоѓа во Атлантскиот Океан. Тоа во други држави е решено така што има водни канали, водени лифтови т.н рибни канали. Сакаме да ја подигнеме свеста дека на тоа поле не се мрднува. Се почнува од Македонија од Охридскиот маратон и тоа е симболиката. Последниот маратон е во Бермуда, Хамилтон, што е најблиску до Саргасово Море. Ние не молиме, но сите што можат да помогнат се добредојдени“, вели Велјановска.
„Се надевам дека таа должина ќе ја истрчаме во предвидениот рок, но останува со нашата акција да ја подигнеме свеста на институциите да се бориме да се врати природниот пат на охридската јагула“, рече Наунчевски.
Се надевам дека таа должина ќе ја истрчаме во предвидениот рок, но останува со нашата акција да ја подигнеме свеста на институциите да се бориме да се врати природниот пат на охридската јагула.Кире Наунчевски, атлетичар.
На нив им се приклучи и српската атлетичарка со македонско потекло Тања Стојаноска, која најави целосна поддршка на иницијативата.
Постоел проект паралелно со изградба на хидроцентралите на Црни Дрим да се изгради и резервен тунел за водата низ која би минувала јагулата слободно за да го продолжи патот. Меѓутоа тоа не се реализира и е направена голема грешка, вели Мате Гогоски од Еколошкото друштво Енхалон од Струга. За да не се заборави природниот пат на јагулата, тие изработија сликовница во која преку слики и текст е објаснат тој процес.
„Кај нас живеела само женската јагула, а во Саргасовото Море машката јагула и таму се спојувале и носеле нови потомци. Таа сликовница е и за млади и за стари луѓе за сите од 7 до 107 години. Истата е поделена на многу луѓе, институции, политичари, но сите си молчат и не се интересираат за тој проблем и никој не реагира по таа сликовница“, вели Гогоски.
Велјановска вели дека ако добијат дозвола од институциите сакаат неколку јагули да пуштат во Јадранското Море по што би стигнале по тој пат. Ги повикуваат сите што сакаат и можат да истрчаат таква километража да им се приклучат. Имаат во план на секој маратон каде ќе учествуваат, како што велат, отворено и гласно да зборуваат за проблемот со јагулата.
Постои студија како тој проект за изградба на такви водни лифтови би изгледал и како би можел да се реализира, кој е изработен пред десеттина години од професор од Скопје.