Советот на Општина Битола формира консултативно тело за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола. Телото е конституирано во време кога иницијативата „Битола сака чист воздух“ покрената од независна група граѓани на фејсбук собра голем број поддржувачи. Иницијаторите на оваа група бараат да се испита точно дали има загадување и колкаво е, кои се загадувачите и да се пристапи кон решение.
Бидејќи ние бевме со идеја да формираме вакво консултативно тело, јас ги повикав и од граѓанската иницијатива и присуствуваа на седницата за заштита на животната средина.Силвана Ангелевска, претседател на Советот на Општина Битола.
Силвана Ангелевска, претседател на Советот вели дека поканиле дел од иницијаторите да присуствуваат на седниците наменети за животната средина.
„Мене ми се јави градоначалникот дека има присутни од граѓанската иницијатива кај него и дека се оградуваат од сите политички партии, дека е чиста граѓанска иницијатива, а бидејќи ние бевме со идеја да формираме вакво консултативно тело, јас ги повикав и присуствуваа на седницата за заштита на животната средина“, вели Ангелевска.
Локалната опозиција во ова гледа обид на власта да ја присоедини кон себе и оваа граѓанска иницијатива.
Иако размислуваме и за нешто многу поголемо, за повисока форма на граѓанско изјаснување од типот на референдум.Иван Јерчиќ претставник на групата „Битола сака чист воздух“.
„Дали е ова обид на владејачкото мнозинство, бидејќи тоа е карактерна особина нивна, да секоја граѓанска иницијатива ја канализираат во рамките на партискиот систем. Бидејќи тоа веројатно не можеле да го голтнат, се обидуваат на еден ваков начин со супституирање да не задоволат нас, да се задоволат себеси, но и да ги задоволат оние 10 илјади поддржувачи на иницијативата“, изјави Томе Наумов од СДСМ.
Иван Јерчиќ претставник на групата „Битола сака чист воздух“ вели:
„Имавме некаква понуда да влеземе во тоа консултативно тело. Ние во рамки на нашиот принцип за деполитизација на целата иницијатива одбивме да влеземе во тоа консултативно тело. “
Јерчиќ се надева дека нивните барања ќе ги разгледа- општината, а не ја исклучува и можноста за референдум.
„Се надеваме дека нема да одиме кон тоа да собираме 10 проценти потписи од избирачкото тело, што би значело над 8.000 потписи, иако размислуваме и за нешто многу поголемо, за повисока форма на граѓанско изјаснување од типот на референдум“,додава Јерчиќ.