Минутите им изгледаат како часови на луѓето кога се соочени со опасност од пожар. Така беше деновиве во Битолско, кога огнот ги зафати ридовите на петте села Црнобуки, Лисолај, Лопатица, Дервеник и Беранци и постоеше опасност да навлезе во селото и да ги изгори куќите. Гореше четири дена, а првите два, во гаснењето не беа вклучени воздухоплови. Два хеликоптера на АРМ почнаа да гаснат третиот ден, кога огнот малку недостигаше да го проголта Лисолај.
Жителите се жалеа дека од утрото барале огнот да се гасни од воздух, а хеликоптерите дошле дури попладнето.
„Страв и тоа голем. Се собраа жителите од селото, ништо не можеа да спасат. Се собраа луѓето со лопати, со казми, земја копаат, никако да запре. Не сме спиеле со ноќи, децата се качени горе да гаснат. Чекаме да дојдат хеликоптери, од кога велат пуштени се. Тоа се изгоре кога ќе дојдат.“
„Зошто не го гаснат, две цистерни појдоа, многу е густ чадот.“
Вознемирени беа и децата, па дофрлуваа додека разговравме со возрасните.
„Зарем нема нешто да дојде и да го изгасне огнот“, праша една старица.
Кога и кажавме дека е најавено да дојдат хеликоптери, едно дете кое седеше во близина извика „хеликоптери... ама дури да дојдат се изгоре.“
Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека интервенцијата на гаснење на пожарот со хеликоптерите беше навремена. Објаснуваат дека за да се користат воздухоплови постои процедура која мора да се испочитува. Воедно се прават и детални проценки за неопходноста оа таква акција зашто е многу скапа.
„Процедурата за добивање воздухоплови има редослед. Најпрво градоначалникот кога ќе оцени дека со постојните сили, можности и средства не може да го изгасни пожарот, тој прави барање до подрачното одделение на дирекцијата која врши проценка на теренот. Доколку констатира дека навистина има потреба воздухоплови се бараат од државните органи. Тоа е се процедура, се треба да се утврди зашто тоа се огромни трошоци“, изјави Димче Јошевски, началник на подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.
Надлежните објаснуваат дека хеликоптерите се последните средства кои се користат при пожари кога сите други средства се исцрпени.
Страв и тоа голем. Се собраа жителите од селото, ништо не можеа да спасат. Се собраа луѓето со лопати, со казми, земја копаат, никако да запре. Не сме спиеле со ноќи, децата се качени горе да гаснат. Чекаме да дојдат хеликоптери, од кога велат пуштени се. Тоа се изгоре кога ќе дојдат.Анкетиран граѓанин.
Жителите се жалеа дека од утрото барале огнот да се гасни од воздух, а хеликоптерите дошле дури попладнето.
„Страв и тоа голем. Се собраа жителите од селото, ништо не можеа да спасат. Се собраа луѓето со лопати, со казми, земја копаат, никако да запре. Не сме спиеле со ноќи, децата се качени горе да гаснат. Чекаме да дојдат хеликоптери, од кога велат пуштени се. Тоа се изгоре кога ќе дојдат.“
„Зошто не го гаснат, две цистерни појдоа, многу е густ чадот.“
Вознемирени беа и децата, па дофрлуваа додека разговравме со возрасните.
„Зарем нема нешто да дојде и да го изгасне огнот“, праша една старица.
Процедурата за добивање воздухоплови има редослед. Најпрво градоначалникот кога ќе оцени дека со постојните сили, можности и средства не може да го изгасни пожарот, тој прави барање до подрачното одделение на дирекцијата која врши проценка на теренот. Доколку констатира дека навистина има потреба воздухоплови се бараат од државните органи.Димче Јошевски, началник на подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.