Десетчленото семејство Шемо од охридската населба Воска викендов остана без покрив над глава, откако нивната куќа изгоре речиси до темел во пожарот кој низ целиот објект се прошири за кратко време. Изгорено е сè, од покуќнина, до алишта и книгите за децата, поради што не можат да одат ниту на училиште. Среде зима, кога температурите надвор се спуштаат и под нулата, овие луѓе нема каде да одат.
Велат дека пожарот се случил додека спиеле, ги разбудил густиот чад што почнал да се шири од кровната конструкција на куќата. Асиме и Лирије Шемо бараат помош од сите добри луѓе.
„Три фамилии изгоревме, сега немаме покрив над главата. Сè е пеплосано внатре, да ти е жал да влезеш. Ако сакате помош да дадете, ако не здравје, ќе се мачиме така сиромашки. Ако помогне државата добро ќе биде. Да не дојдеше помалиот син од работа да им викни, ќе се изгореа луѓето внатре“, вели Асиме Шемо.
„Спиевме внатре и одеднаш видовме пламен. Не можевме воздух да земеме, излеговме и ништо не можевме да спасиме само душите што ги спасивме. Имам две малолетни деца кои одат на училиште. Едното е 13 години, другото е 10 години. Сега живееме кај комшиите во една соба, немаме услови тука. Книгите се изгорени, нема да одат на училиште“, вели Лирије Шемо.
Пожар овие луѓе ги зафатил и пред пет години, па покривот од куќата го направиле со плетење на трски, вели мајката Асиме.
Во посета кај нив дојде градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Тој вети дека на наредната седница на советот на општината ќе се донесе одлука да се помогне на семејствата кои настрадаа во пожарот.
„Јас ја повикувам и централната власт која што има ингеренции во однос на станбеното прашање. Оние станови кои се изградени за социјални случаи, а кои седат празни во овие моменти да им помогнат да се сместат таму додека се поправат нивните домови, додека овие домови ги доведеме во фаза на живеење“, рече Петрески.
Советници од градскиот совет велат дека во разговор со бизнисмени од градот им било ветено дека ќе помогнат за загрозените семејства, а помош во храна и облека ќе биде побарана и од Црвениот крст.
Пламени јазици викендов го пеплосаа и домот на семејството Тоскоски во населбата Видобишта. Се запалил ТВ приемникот и за само десет минути огнот однел сè што имало внатре. Градските власти и за ова семејство ветија помош.
Ништо не можевме да спасиме само душите што ги спасивме. Имам две малолетни деца кои одат на училиште. Едното е 13 години, другото е 10 години. Сега живееме кај комшиите во една соба, немаме услови тука. Книгите се изгорени, нема да одат на училиште.Лирије Шемо, жртва на пожарот.
Велат дека пожарот се случил додека спиеле, ги разбудил густиот чад што почнал да се шири од кровната конструкција на куќата. Асиме и Лирије Шемо бараат помош од сите добри луѓе.
„Три фамилии изгоревме, сега немаме покрив над главата. Сè е пеплосано внатре, да ти е жал да влезеш. Ако сакате помош да дадете, ако не здравје, ќе се мачиме така сиромашки. Ако помогне државата добро ќе биде. Да не дојдеше помалиот син од работа да им викни, ќе се изгореа луѓето внатре“, вели Асиме Шемо.
Јас ја повикувам и централната власт која што има ингеренции во однос на станбеното прашање. Оние станови кои се изградени за социјални случаи, а кои седат празни во овие моменти да им помогнат да се сместат таму додека се поправат нивните домови.Александар Петрески, градоначалник на Охрид.