Вистинска драма се случувала во Студентскиот дом Никола Карев во Охрид. Пожарот кој избувна во домот предизвикал паника кај гостите, кои гледале да спасат жива глава од чадот кој го зафатил целиот објект.
Шеесетина гости кои во моментов престојуваaт во домот, помеѓу кои и десетина полицајци кои биле на служба во Охрид, откако забележале густ чад и оган, од страв да не се случи поголема катастрофа повикале противпожарна служба која за среќа дошла за кратко време. Почнале да си помагаат едни на други, а помош прво им била укажана на жените и на децата. Пожарот избувнал во помошните простории од домот, но чадот набрзина се проширил и во собите, раскажуваат гостите. За среќа нема повредени.
„Бевме ноќна смена до 3 часот. Дојде колегата и ни вели има пожар, а чувствувам тежина во дишењето. Кога да видам, собата беше полна со чад кој почна да не гуши.“
„Набрзина станавме и само се облековме. По ходниците не можеше да се излезе, имаше многу чад. Сакавме да им помогнеме на жените и на децата, зашто има туристи од сите страни. Гледавме да ги спасиме другите, а потоа за нас гледавме“, вели друг гостин.
„Мајките беа избезумени за своите деца имаше и 3 годишни деца“, вели Зоранчо Тасев од Кочани.
„Чадеше цела зграда. Сакаа да скокаат од тераса. Имаше многу час пробавме да слеземе надолу. За среќа, после пожарната ни помогна и ете преживеавме“, вели друг гостин.
„Сите по ходници трчавме за да видиме што е работата. Се обидовме да слеземе, имаше многу чад и се вративме назад. Од втор спрат надолу не се гледаше ништо. После половина час пожарникарите дојдоа и ни рекоа да се симнеме долу и сите со трчање“, вели еден гостин.
Мирче Спироски, командир во Противпожарната единица во Охрид вели дека им требало околу 20 минути за да го локализираат пожарот.
„Чадот се ширеше низ вентилацијата, бидејќи целиот објект беше зачаден. Моравме да извршиме евакуација на луѓе бидејќи веќе имаше труење на 3 лица со чад. Акцијата траеше паралелно. Дел од екипата беше вклучена во евакуација, дел во гаснење“, рече Спироски.
Една повозрасна жена имала посериозни труења од јаглерод моноксид, но по укажаната прва помош таа се чувствува добро.
Директорот на Студентскиот дом, Марјан Ристески вели дека пожарот бил мал и брзо локализиран.
„Се работи за помошни простории каде се одвиваа одредени технички работи како што е перална и пеглара. Нормално е во вакви случаи да има мала паника. Органите се на терен, по увидот и по констатирањето на ситуацијата ќе излеземе со информација“, рече Ристески.
Тој не сакаше да коментира дали причина за пожарот е неисправна инсталација или нешто друго. Во гаснење на пожарот интервенирале четири пожарникарски возила и 12 пожарникари.
Во Охрид од почетокот на туристичката сезона противпожарната служба имала 34 интервенции од кои 7 врз објекти, 23 на отворен простор и 4 на сообраќајни возила. Од почетокот на годината до денес имале вкупно 202 интервенции.
Набрзина станавме и само се облековме. По ходниците не можеше да се излезе, имаше многу чад. Сакавме да им помогнеме на жените и на децата, зашто има туристи од сите страни. Гледавме да ги спасиме другите, а потоа за нас гледавме.гостин во студентскиот дом Никола Карев во Охрид.
Шеесетина гости кои во моментов престојуваaт во домот, помеѓу кои и десетина полицајци кои биле на служба во Охрид, откако забележале густ чад и оган, од страв да не се случи поголема катастрофа повикале противпожарна служба која за среќа дошла за кратко време. Почнале да си помагаат едни на други, а помош прво им била укажана на жените и на децата. Пожарот избувнал во помошните простории од домот, но чадот набрзина се проширил и во собите, раскажуваат гостите. За среќа нема повредени.
„Бевме ноќна смена до 3 часот. Дојде колегата и ни вели има пожар, а чувствувам тежина во дишењето. Кога да видам, собата беше полна со чад кој почна да не гуши.“
Чадот се ширеше низ вентилацијата, бидејќи целиот објект беше зачаден. Моравме да извршиме евакуација на луѓе бидејќи веќе имаше труење на 3 лица со чад. Акцијата траеше паралелно. Дел од екипата беше вклучена во евакуација, дел во гаснење.Мирче Спироски, командир во Противпожарната единица во Охрид.