Деветчленото семејство Алиоски од прилепското село Канатларци повеќе од 2 недели живее во шупата во дворот, откако во пожар им изгоре куќата до темел, целата покуќнина и паричната заштеда печалена со години.
Немаат пари да градат нова, да си купат топла облека, да се сместат во топло катче додека пукне пролетта. На 10 и повеќе степени под нулата, во овие екстремно студени зимски ноќи се кријат во малата шупа, за да се спасат, да преживеат.
„Не можевме ништо од куќата да спасиме. Речиси се е уништено: регали, седмоседи, двоседи, маси, компјутери, телевизори што имаше внатре, друга електрична опрема, фрижидери... Според наша процена, штетата е околу 30.000 евра“, вели Садуш Алиоски.
Трите мали деца со денови ги носат кај блиските роднини и соседите, за да каснат топла супа, да се згреат, зашто немаат ниту храна, ниту можност да им зготват топол оброк. Велат претешко им е:
„Јадење немаме, немаме каде да готвиме, ништо, ништо не остана, се изгоре и парите и златото, ништо не
остана“, се жали младата мајка, 20-годишната Севим Алиоска.
Најголемиот товар паѓа врз грбот на највозрасниот домаќин, Савим Алиоски. Тој нема решение за овој проблем. Бара, моли за помош, но сепак достоинствено вели дека и во оваа тешка несреќа, се среќни бидејќи се сите здрави и живи.
„Се до темел изгоре, ништо не можеме да реновираме. Понатаму не знам, ако има нешто помош, добро, ако не, здравје.“
Алиоски поднеле барање до прилепската локална самоуправа, а градоначалникот Марјан Ристески вети помош.
„Формирана е Комисија за елементарни непогоди. Тие ќе ги видат записите на лице место и Општината стандардно како што помагаме при многу случаи при елементарни непогоди, значи на семејството на кое му се опожари куќата ќе му помогнеме со одредена сума пари“, вети Ристески, упатувајќи апел за помош и до фирмите и до хуманите луѓе.
Не можевме ништо од куќата да спасиме. Речиси се е уништено: регали, седмоседи, двоседи, маси, компјутери, телевизори што имаше внатре, друга електрична опрема, фрижидери...Според наша процена штета е околу 30.000 евра.Садуш Алиоски.
Немаат пари да градат нова, да си купат топла облека, да се сместат во топло катче додека пукне пролетта. На 10 и повеќе степени под нулата, во овие екстремно студени зимски ноќи се кријат во малата шупа, за да се спасат, да преживеат.
„Не можевме ништо од куќата да спасиме. Речиси се е уништено: регали, седмоседи, двоседи, маси, компјутери, телевизори што имаше внатре, друга електрична опрема, фрижидери... Според наша процена, штетата е околу 30.000 евра“, вели Садуш Алиоски.
Трите мали деца со денови ги носат кај блиските роднини и соседите, за да каснат топла супа, да се згреат, зашто немаат ниту храна, ниту можност да им зготват топол оброк. Велат претешко им е:
„Јадење немаме, немаме каде да готвиме, ништо, ништо не остана, се изгоре и парите и златото, ништо не
Јадење немаме, немаме каде да готвиме, ништо, ништо не остана, се изгоре и парите и златото, ништо не остана.Севим Алиоска.