Неодговорноста и невниманието на луѓето, како и непочитување на Законот за забрана за палење стрништа и сува трева, како и отсуство на надлежните на теренот за контрола на локациите каде што може да биде предизвикан пожар, се дел од причините за зголемниот број пожари и
интервенции на Територијалната противпожарна единица од Куманово. На зголемениот број пожари летово свое влијание имаат и временските услови, односно високите температури и слаб ветер, вели Дејан Илиевски командир на ТППЕ од Куманово, која е надлежна и за трите соседни општини Старо Нагоричане и Липково.
„Од 1 јули до почетокот на август интервенирано е на 121 пожар. Само во јули имавме 94 интервенции, од кои 77 се на отоврен простор, при што се опожарени 800 хектари стрништа и сува трева. Пожари имаше на 14 објекти и едно патничко моторно возило. Само за десетина денови овој месец имаше 27 пожари од кои 200 хектари се стрништа и сува трева.“
Илиевски додава и дека најголем број пожари биле на територијата на Општината Старо Нагоричане. Во ниту еден случај на пожарите предизвикани од факторот човек за среќа нема повредени луѓе, можеби затоа што пожарите се на отворен простор, на стрништа и сува трева. До сега немало пожари на пошумените локации. Меѓутоа, загрижува тоа што бројот на пожарите годинава во однос на истиот период лани е значително поголем.
„На 10 август минатата година податоците покажуваат дека било интервенирано на на вкупно 140 пожари, сега бројот на интервенциите е 260 интервенции. Сето тоа се должи на невнимание или не знаење на луѓето при палење на стрништа и сува трева. Не се почитува Законот за забрана на палење стрништа и сува трева, но минатата година и контролата била подобра, а и временските услови. Ова лето ги има сите предуслови за полесно избувнување пожар.“
Без оглед што техничката опременост и екипирнаоста на пожарникарите е на повисоко ниво од минатата година за ефикасно интервенирање на гаснењето и локализирањето на опожарените места, противпожарните екипи се соочуваат со сериозен проблем при излегување со возилата на терен. Неодамна Мире Арсовски изјави дека сообраќајниот метеж го
забавува пристигнувањето на екипите на терен.
„Проблем е движење низ градот бидејќи возачите не ни даваат предимство на поминување низ улиците, поради што и доцниме на местата каде што настанал пожар.“
Освен законските рамки кои предвидуваат и високи казни за предизвикување пожари,односно палење на стрништата, надлежните во поширокиот кумановски регион постојано апелираат луѓето да бидат внимателни и одговорни. Од бројот на досегашните интервенции на пожарите не е тешко да се заклучи дека луѓето се оглушуваат од повикот и понатаму палат и стрништа и сува трева. Освен опасноста од пожарот кој може да „голтне“ и објекти, никој не ни помислува дека густиот чад предизвикува и аерозагадување.
Од 1 јули до почетокот на август интервенирано е на 121 пожар, само во јули имавме 94 интервенции, од кои 77 се на отоврен простор,при што се опожарени 800 хектари стрништа и сува трева.
интервенции на Територијалната противпожарна единица од Куманово. На зголемениот број пожари летово свое влијание имаат и временските услови, односно високите температури и слаб ветер, вели Дејан Илиевски командир на ТППЕ од Куманово, која е надлежна и за трите соседни општини Старо Нагоричане и Липково.
„Од 1 јули до почетокот на август интервенирано е на 121 пожар. Само во јули имавме 94 интервенции, од кои 77 се на отоврен простор, при што се опожарени 800 хектари стрништа и сува трева. Пожари имаше на 14 објекти и едно патничко моторно возило. Само за десетина денови овој месец имаше 27 пожари од кои 200 хектари се стрништа и сува трева.“
Илиевски додава и дека најголем број пожари биле на територијата на Општината Старо Нагоричане. Во ниту еден случај на пожарите предизвикани од факторот човек за среќа нема повредени луѓе, можеби затоа што пожарите се на отворен простор, на стрништа и сува трева. До сега немало пожари на пошумените локации. Меѓутоа, загрижува тоа што бројот на пожарите годинава во однос на истиот период лани е значително поголем.
„На 10 август минатата година податоците покажуваат дека било интервенирано на на вкупно 140 пожари, сега бројот на интервенциите е 260 интервенции. Сето тоа се должи на невнимание или не знаење на луѓето при палење на стрништа и сува трева. Не се почитува Законот за забрана на палење стрништа и сува трева, но минатата година и контролата била подобра, а и временските услови. Ова лето ги има сите предуслови за полесно избувнување пожар.“
Без оглед што техничката опременост и екипирнаоста на пожарникарите е на повисоко ниво од минатата година за ефикасно интервенирање на гаснењето и локализирањето на опожарените места, противпожарните екипи се соочуваат со сериозен проблем при излегување со возилата на терен. Неодамна Мире Арсовски изјави дека сообраќајниот метеж го
Не се почитува Законот за забрана на палење стрништа и сува трева, но минатата година и контролата била подобра, а и временските услови. Ова лето ги има сите предуслови за полесно избувнување пожар.