Во Кумановско на високите температури дневно се случуваат до пет пожари главно на отворен простор. Граѓаните се невнимателни, палат стрништа, а и комбајните често пати предизвикуваат пожари иако се обврзани да носат противпожарни апарати. И излетниците кои палат скари не се однесуваат одговорно. Пожари настануваат и кога граѓаните заминуваат на одмор, а не ја проверуваат исправноста на инсталацијата.
Противпожарната едница во Куманово добро е екипирана и со возила и со луѓе. Според Мире Арсовски единицата во секој момент има подготвено десет возила, 29 пожарникари и уште 15 сезонски ангажирани.
„Кога се најавува пожар на телефонскиот број 193 противпожарната единица веднаш тргнува, за 30-40 секунди излегуваме од гаражи и одиме на терен.“
Меѓутоа, како што вели Арсовски, проблемот настанува откако противпожарните возила излегуваат на сообраќајниците во Куманово во кои владее вистински метеж.
„Не ни даваат предимство на минување и доцниме на интервенциите. Поради тоа граѓаните кои не пречекуваат поради доцнењето, револтирани се и реагираат дека многу доцниме. Знаеме колку се оддалечени нашите села и какви се патиштата“, вели Арсовски.
И покрај тоа што возачите при добивање возачка дозвола учат како треба да се однесуваат со возилата кои имаат предимство на минување, штом ќе седнат во автомобилите, тие забораваат на се и се однесуваат како да се сами во сообраќајот. Секторот за внатрешни работи во Куманово, Одделението за превенција постојано апелира и реализира обуки за подигање на сообраќајната култура и свеста, им укажува на учесниците во сообраќајот како треба да се однесуваат и дека треба да ги почитуват
правилата. Деновиве таква обука е изведена за пешаците и моторциклисте, а зголемен е и бројот на полицајците по кумановските улици.
„За прекршителите овој пат нема да бидат изречени казни туку ќе добијат покани за едукација. Доколку не се отповикаат, ќе следи казна“, вели Виолета Богдановска, началник на Одделението за превенција при СВР Куманово.
Пешаците, пак, според Богдановска улиците треба да ги минуваат само на пешачки премини и кога за нив е зелено светлото. Тоа е и поголема безбедност за пешаците. Паричните казни не се мали, најниската е 25 евра, но пред се учесниците во сообраќајот треба да внимаваат.
Во Куманово до сега се регистрирани околу 30 илјади патнички моторни возила, а во летната сезона голем е бројот и на странските возила со кои управуваат граѓаните кои се дојдени на одмор од земјите во кои се на времена работа. По однесувањето во сообраќајот, во однос на почитувањето на сообраќајните правила и прописи и тие не се разликуваат од домашните возачи. Сообраќајниот метеж им создава проблеми на сите, особено на возилата на кои со закон им е предвидено предимство на минување, меѓу кои се и возилата на противпожарните единици и на итна медицинска помош.
Кога се најавува пожар на телефонскиот број 193 противпожарната единица веднаш тргнува, за 30-40 секунди излегуваме од гаражи и одиме на терен
Противпожарната едница во Куманово добро е екипирана и со возила и со луѓе. Според Мире Арсовски единицата во секој момент има подготвено десет возила, 29 пожарникари и уште 15 сезонски ангажирани.
„Кога се најавува пожар на телефонскиот број 193 противпожарната единица веднаш тргнува, за 30-40 секунди излегуваме од гаражи и одиме на терен.“
Меѓутоа, како што вели Арсовски, проблемот настанува откако противпожарните возила излегуваат на сообраќајниците во Куманово во кои владее вистински метеж.
„Не ни даваат предимство на минување и доцниме на интервенциите. Поради тоа граѓаните кои не пречекуваат поради доцнењето, револтирани се и реагираат дека многу доцниме. Знаеме колку се оддалечени нашите села и какви се патиштата“, вели Арсовски.
И покрај тоа што возачите при добивање возачка дозвола учат како треба да се однесуваат со возилата кои имаат предимство на минување, штом ќе седнат во автомобилите, тие забораваат на се и се однесуваат како да се сами во сообраќајот. Секторот за внатрешни работи во Куманово, Одделението за превенција постојано апелира и реализира обуки за подигање на сообраќајната култура и свеста, им укажува на учесниците во сообраќајот како треба да се однесуваат и дека треба да ги почитуват
Не ни даваат предимство на минување и доцниме на интервенциите. Поради тоа граѓаните кои не пречекуваат поради доцнењето, револтирани се и реагираат дека многу доцниме. Знаеме колку се оддалечени нашите села и какви се патиштата