Нетрпеливи возачи, нервозни пешаци, непрописно паркирани возила во три колони по коловозот, отсуство на сообраќајна култура кај сите, доведуваат до секојдневен сообраќаен хаос во Куманово. Полицијата се чини недоволно пишува казни, нема пајак служба, локалната самоуправа на постоечката инфраструктура не може да изнајде решенија.
Советниците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Глигор Манов и Бобан Николовски и покрај донесените одлуки на Советот сметаат дека:
„Инфраструктурата во градот не соодветствува со реалните потреби на граѓаните. Енормно е зголемен бројот на возилата и не ги задоволува ниту основните норми за нормален сообраќај. Не се води сметка кој каде паркира, не се санкционираат погрешно паркираните возила, отежнато е и нормалното движење по јавно проемтните површини, таму каде што треба да се движат пешаците. Се случуваат големи застои особено во близина на крстосниците каде што има непрописно паркирани возила.“
„Граѓаните имаат најголема штета. Се надевам дека сето тоа ќе се регулира на друг начин.“
Според граѓаните виновни за сообраќајниот хаос се сите без исклучок:
„Целата власт. И локалната и државната, ама и граѓаните."
„Кога ќе видам некој потврдоглав запирам. Нема сообраќајна култура. Пешакот ќе го згазат и не застануваат. Таксистите ќе те згазат и готово.“
А оние што повремено доаѓаат во Куманово од времена работа во странство прават компарација:
„Живеам во Германија. Овдека е многу полошо.“
Се паркираат ли во Германија во три реда како овдека?
„По улиците вака? Не. Тоа не смее. На тротоарите гледам паркирани камиони кои го оштетуваат тротоарот, а децата за школо одат по коловозот.“
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски за сообраќајниот хаос вели дека се должи на:
„Лошата комуникација помеѓу МВР и локалната самоуправа и неимплементирањето на паркингот од позицијата што вторпат е објавен тендер за оператор. Со воведување оператор ќе се измени состојбата со платени паркинзи. Неправилно паркираните ќе бидат дигани со пајак служба.“
Меѓутоа според Дамјановски, тоа е само еден сегмент. Сообраќајниците биле конструирани кога во градот имало пет-шест илјади возила. Сега ги има над 25 илјади. Неопходна е долгорочна стратегија. Се работи на изградба на катни гаражи.
И покрај тоа се чини дека главен виновник за сето ова е сообраќајната некултура на сите учесници во сообраќајот.
Виолета Богдановска од Одделението за превенција при СВР Куманово вели дека тие работат на подигање на сообраќајната култура и кај децата и кај возрасните. Сепак:
„Треба сообраќајно уредување на градот, а тоа е во надлежност на локалната самоуправа.“
Без оглед што сите знаат дека за надминување на хаосот во сообраќајот треба да учествуваат сите заедно, во Куманово е најлесно виновникот да се гледа од другата страна, а сообраќајните прописи редовно да се дезавуираат.

Инфраструктурата во градот не соодветствува со реалните потреби на граѓаните. Енормно е зголемен бројот на возилата и не ги задоволува ниту основните норми за нормален сообраќај
„Инфраструктурата во градот не соодветствува со реалните потреби на граѓаните. Енормно е зголемен бројот на возилата и не ги задоволува ниту основните норми за нормален сообраќај. Не се води сметка кој каде паркира, не се санкционираат погрешно паркираните возила, отежнато е и нормалното движење по јавно проемтните површини, таму каде што треба да се движат пешаците. Се случуваат големи застои особено во близина на крстосниците каде што има непрописно паркирани возила.“
„Граѓаните имаат најголема штета. Се надевам дека сето тоа ќе се регулира на друг начин.“
Според граѓаните виновни за сообраќајниот хаос се сите без исклучок:
„Целата власт. И локалната и државната, ама и граѓаните."
„Кога ќе видам некој потврдоглав запирам. Нема сообраќајна култура. Пешакот ќе го згазат и не застануваат. Таксистите ќе те згазат и готово.“
А оние што повремено доаѓаат во Куманово од времена работа во странство прават компарација:
Кога ќе видам некој потврдоглав запирам. Нема сообраќајна култура. Пешакот ќе го згазат и не застануваат. Таксистите ќе те згазат и готово