Достапни линкови

Живеат со 1.500 денари, останаа без куќа


Изгорената куќа на семејстовто Коџаџаклиоски во Кичево.
Изгорената куќа на семејстовто Коџаџаклиоски во Кичево.

До темел изгоре целата куќа на семејстовото Коџаџаклиоски од Кичево кое преживува со социјална помош од 1.500 денари.

49-годишниот кичевчанец, Абдул Коџаџаклиоски има четиричлено семејство. Живее со минимална социјална помош од 1.500 денари, не е вработен, преживеал два инфаркта, вели од стрес поради сиромаштијата, мизеријата во која што живее. Сопругата Шаха доаѓа од Босна, но еве 12 години по раѓањето на ќерката Санија, таа сè уште не може да го регулира својот престој во Македонија. Живееле многу мачен, тежок живот, едвај врзувале крај со крај, но вели не знаел дека судбината може да му биде уште потешка. Во пожар им изгорела до темел целата куќа. Не им останало ништо, ниту парче покуќнина, ниту облека, само под и еден ѕид, кој потсетува на нивниот дом. Сè е прав и пепел.
Живееме ние само со едно социјално со 1.500 денари, со мајка ми живеев со пензијата, почина мајка ми, ми дадоа сахранина 500 евра, исто изгоре и таа.
Абдул Коџаџаклиоски, жител на Кичево.

„Живееме ние само со едно социјално со 1.500 денари, со мајка ми живеев со пензијата, почина мајка ми, ми дадоа сахранина 500 евра, исто изгоре и таа.“

Семејстовто Коџаџаклиоски со градоначалникот на Кичево Благоја Деспотоски.
Семејстовто Коџаџаклиоски со градоначалникот на Кичево Благоја Деспотоски.
РСЕ: Како сега ќе живеете натаму?

„Не знам ни самиот“, вели Абдул.

И тој и сопругата не ги кријат солзите, болката и тагата што ја носат во душата, исплашени за иднината, за животот на своите деца, за нивното школување.
Му реков да извршат проценка на штетата, за да знаеме за кој износ се работи, колкава е материјалната штета, и во договор со претседателот на Советот на Општина Кичево се договоривме да видиме како ќе ги оправдаме материјалните средства што ќе ги вложиме.
Благоја Деспотоски, градоначалник на Кичево.

„Детето ми е исплашено, синоќа спиеше, тато пожар, баба пожар викаше, од сон скокна таму кај што спиеме, се исплаши, по цела ноќ не спиеме, нема што да правиме, тоа е, плевните беа блиску, а му велев, еден ден ќе ме запалиш и значи навистина ме запали до корен, ме изгоре на срце, ме изгоре“, се жали Абдул.

Изминале неколку дена од несреќата, а како што вели никој не дошол да им подаде рака на утеха и спас, за да ги надминат маките и проблемите, за да го преживеат и емотивно овој страшен момент.

„Ги молиме сите хумани луѓе, кои можат да донираат, да помогнат , нешто да се направи, децата да не останат на улица.“

Шаха не ги крие солзите. Иако се соочува со оваа преголема трагедија, вели среќна е што се сите живи. Ситните повреди, гребаници и нагмечувања кои ги добиле ќе поминат, ќе останат врежани лошите спомени, зашто се сведоци само на неубави моменти во животот, опкружени со сиромаштија, страдања и болки.

Но, од локалната самоуправа сепак по една недела стигнуваат позитивни сигнали. Градоначалникот на Кичево, Благоја Деспотоски презел и конкретна иницијатива да му помогне на ова семејство. Вети дека ќе се заложи итно со општински пари да им се изгради куќа.

„Му реков да извршат проценка на штетата, за да знаеме за кој износ се работи, колкава е материјалната штета, и во договор со претседателот на Советот на Општина Кичево се договоривме да видиме како ќе ги оправдаме материјалните средства што ќе ги вложиме“, ветува Деспотоски.

Коџаџаклиоски засега живеат под отворено небо, облека и храна им носат соседите, а тие ја негуваат надеж и верба дека ќе има подобри денови.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG