Достапни линкови

Манастирот Свети Јоаким Осоговски туристички бренд на Крива Паланка


Манастирот Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка.
Манастирот Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка.

Манастирот Свети Јоаким Осоговски и испосницата на истоимениот светец се туристички бренд на Крива Паланка.

Сместена во крајниот североисточен дел на Македонија, на тромеѓето северно со Србија, а источно со Бугарија, богата со живописна природа Општината Крива Паланка се повеќе привлекува странски туристи. Домашните посетители се помалубројни, меѓутоа градоначалникот Арсенчо Алексовски вели дека локалната самоуправа презема мерки за обезбедување подобри услови и за оваа стопанска гранка.

Последните години во Крива Паланка имаме се поголем број туристи, а манастирот ни е најпосетен. Ние направиме уште еден туристички бренд, тоа е испосницата на Свети Јоаким Осоговски во селото Градец.
Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.

„Последните години во Крива Паланка имаме се поголем број туристи, а манастирот ни е најпосетен. Ние направиме уште еден туристички бренд, тоа е испосницата на Свети Јоаким Осоговски во селото Градец. И добар дел од оние кои првпат доаѓаат во Крива Паланка, луѓето од манастирот ги упатуваат да ја посетат испосницата. Тоа го направивме од пограничните проекти. Добар дел од туристите се љубители на планинскиот туризам и одат кон Калин камен. А имаме и шопинг туристи кои доаѓаат од Бугарија. Се повеќе и повеќе имаме туристи во Крива Паланка“, вели Алексовски.

Посетители на манастирот Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка.
Посетители на манастирот Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка.

Ѓаконот Дејан Апостоловски на посетителите им објаснува за манастирот и хронологијата на неговото постоење. Во манастирскиот комплекс на падините на Осоговските планини освен конаците во кои се сместуваат гости кои тука остануваат и на ноќевање, вниманието го привлекуваат две цркви. Црквата Св. Јоаким Осоговски е монументална градба од камен со куполи и фрескоживопис на големите мајстори Андреја Дамјанов Зографски и Димитар Антонов Поградишки со помошниците. Таа датира од 19-от и првата половина на 20-от век. Помалата црква посветена на Раѓањето на Св. Богородица потекнува од 11-от век, а обновена е во 19-от век. Во нејзина непосредна близина е и извор со студена вода, за која верниците сметаат дека е лековита.

Можам да се пофалам дека повеќе имаме туристи од странство отколку домашни. Имаме туристи од Бугарија, па до Кина, Перу и така натаму.
Дејан Апостоловски, ѓакон.

Апостоловски вели дека во манастирот многу верници се венчаваат, или ги крстат нивните деца, има и туристи, вели тој.

„Можам да се пофалам дека повеќе имаме туристи од странство отколку домашни. Имаме туристи од Бугарија, па до Кина, Перу и така натаму.“

Ѓаконот Дејан Апостоловски.
Ѓаконот Дејан Апостоловски.

И додека странските туристи манастирскиот комплекс го посетуваат со предзнаења за него поради што бараат и дообјаснувања од домаќините, домашните посетители главно имаат малку сознанија за тоа.

Од запрашаните можеше да се слушне дека не знаат ништо, а го посетуваат манастирот затоа што пријатно се чувствуваат.

„Атрактивно место, сепак се враќаме на старите времиња. Манастирот е познат пошироко како Рилскиот (во Бугарија) и Лесновскиот и душевно се растоваруваме тука. Дојдеме на гости и го посетуваме“, вели Славчо Тренов од Пробиштип.

Градоначалникот заедно со останатите градоначалници од соседните општини планираат реновирање на Царев врв, старата караула од Првата светска војна, која е на тромеѓе помеѓу три општини, да се направи планинарски дом, останати спортски содржини и полигон за параглајдери.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG