Достапни линкови

Патриотизам си е патриотизам, ама море си е море


Луѓето велат дека кога треба да се плаќа, гледаат да поминат одмор каде ќе потрошат помалку пари и дека одат таму каде што треба помалку да патуваат.

За најголем дел од македонските граѓани Грција традиционално останува најпосетена туристичка дестинација. Луѓето велат дека кога треба да се плаќа, гледаат да поминат одмор каде ќе потрошат помалку пари и дека одат таму каде што треба помалку да патуваат. Само џебот, нема политика, ако има пари ќе отидам каде што сакам, велат дел од граѓаните анкетирани во рубриката Хајд Парк.

„Не сме биле, ќе одиме во Грција. Поради близината, а цените во споредба со Охрид не се многу високи, а море си е море.“

„Немам финансиски средства, дома сум, ќе го искористам одморот за одмарање во вистинска смисла на зборот.“

„Мислам дека џебот влијае најмногу за Грција конкретно, барем кај нашиот народ. Блиску е и евтино во однос на нашите плати. Политиката влијае, но кога се прави муабет, инаку се оди поради тие причини“, велат анкетираните граѓани.

Хајд Парк - Каде на одмор? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.

Хајд Парк - Одмори, сиромаштија, патриотизам
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:32 0:00

И во туристичките агенции потврдуваат дека во секој случај топ дестинација, без оглед на сè, е Грција. Од 10 луѓе што влегуваат во агенциите, 7 се за во Грција, а дека најмногу отпатувале во јуни, што значи дека во секој случај влијае и џебот.

Мислам дека џебот влијае најмногу за Грција конкретно, барем кај нашиот народ. Блиску е и евтино во однос на нашите плати. Политиката влијае, но кога се прави муабет, инаку се оди поради тие причини.
Анкетирана граѓанка.

Александар Цветкоски од невладината организација АГТИС оцени дека дека би можело да се каже дека посетеноста на Грција од македонските туристи е традиционална, а дека политиката останува дежурна тема за политичарите.

„Грција е традиционално место. Прво затоа што е блиску, второ затоа што е доста евтино и трето поради самиот начин на одвивање на одморите. Ние не сме научени толку многу да одиме во хотели, каде што имаме хотелска храна, каде што имаме некаква режија, во Грција се оди во своја режија, со фрижидерчиња и човек се чувствува како дома“, вели тој.

Во меѓувреме, Охрид, традиционалната македонска туристичка дестинација, во јуни и во јули беше најмалку посетен од домашните туристи. Дел од луѓето велат дека на ова влијаело и променливото време, какво што имавме во јули и јуни, но очекуваат дека сликата ќе биде поинаква во претстојниот август, кога вообичено Охрид е најпосетен од домашните туристи. Дел од луѓето забележуваат дека Охрид е познат и по неатрактивните цени и дека и тоа има влијание врз малата посетеност.

„Задолжително одам во Охрид еднаш дополнително, дали е викенд или на една недела, значи Македонија не ја испуштаме, меѓутоа сепак и на море одиме.“


„Мене ми е убаво таму на одмор, блиску ми е, со мало дете најблиску ми е Грција, а цените мислам дека се исти како во Охрид, а сепак е море“, велат граѓаните.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG