Достапни линкови

На одмор каде што е најблиску и најевтино


Илустрација.
Илустрација.

Со оглед на тоа дека секој паметно сака да ги потроши парите за годишниот одмор, многумина сметаат дека најдобро е да се отиде во Грција и да поминат одмор без многу потрошени пари.

Во Македонија бројот на семејствата кои годишниот одмор го поминуваат во најблиските туристички дестинации, на што влијае и недостигот на пари, е сè поголем. Со оглед на тоа дека секој паметно сака да ги потроши парите за годишниот одмор, многумина сметаат дека најдобро е да се отиде во Грција и да поминат одмор без многу потрошени пари.

Политиката воопшто не влијае на мене, политиката на политичарите, мене ми е убаво таму на одмор, блиску е, со мало дете најблиску ми е Грција.
Анкетирана граѓанка.

Дел од луѓето велат дека политиката не влијае врз осмислувањето на нивниот летен план и дека тие се теми за кои треба да размислуваат политичарите, а луѓето ќе отидат таму каде што им е најповолно.

„Само џеб, нема политика, ако имам пари ќе одам каде сакам, друго нема ништо.“

Во секој случај топ дестинација, без оглед на сè, е Грција. Од 10 луѓе што влегуваат во нашата агенција, сигурно 7 се за во Грција. Многу е поголем интересот во јуни, што значи дека во секој случај влијае и џебот. Август, кој е најскапиот период, е засега најмалку баран.
Нехар Селим, туристички работник.

„На одлуката ми влијае близината, значи одам каде што е поблиску. Не сум била две години, а не знам дали ни ова лето ќе одам на одмор, а инаку во Грција одиме, најблиску е, а и поевтино е од наш Охрид.“

„Политиката воопшто не влијае на мене, политиката на политичарите, мене ми е убаво таму на одмор, блиску е, со мало дете најблиску ми е Грција. Цени – мислам дека е исто дали сум била во Охрид или во Грција, мислам дека нема некоја разлика, а сепак е море“, велат анкетираните граѓани.

Бројките зборуваат сè. Грција има рекордна посетеност. Иако посетеноста е делумна зашто најмногу распродадени аранжмани има во јуни поради ниските цени, нивната продаденост изнесува околу 90 проценти, вели туристичкиот работник Нехар Селим.

„Во секој случај топ дестинација, без оглед на сè, е Грција. Од 10 луѓе што влегуваат во нашата агенција, сигурно 7 се за во Грција. Многу е поголем интересот во јуни, што значи дека во секој случај влијае и џебот. Август, кој е најскапиот период, е засега најмалку баран“, вели тој.

Мора да се има предвид дека во Грција цените поради кризата паднаа на 50 пороценти минатата година и тоа исто така влијае Грција да биде евтина дестинација, додава Селим. Како и да е, многу луѓе признаваат дека сакаат да осмислат поинаков летен план, но дека буџетот им е ограничен.

„На Бахами, на Малдиви, на Куба би сакала да одам да можам.“

„Сега ќе одат децата, а ние ќе видиме дали ќе одиме“, велат анкетираните.

Во меѓувреме, туристичките работници забележуваат дека во Македонија и оваа година во Охрид во јули има малку домашни туристи, а тоа е исто како и во изминатата година. Согласно со тоа, и оваа година нема да се зголеми зарботувачката од туризам во Охрид од домашните туристи слично како и во останатите домашни туристички дестинации.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG