Достапни линкови

Тргната панаѓурската слика од Свети Наум


Macedonia - The tourist complex Sveti Naum in Ohrid - Jun2014
Macedonia - The tourist complex Sveti Naum in Ohrid - Jun2014

Туристичкиот комплекс Свети Наум ја дочека новата сезона уреден и покрај проблеми со добивање на потребните дозволи. Комплексот има влезна врата, отстранети се тезгите, има нови тоалети, со што ова туристичко место не личи веќе на панаѓур.

Туристичкиот комплекс Свети Наум го доби вистинскиот лик по долги години несреденост и хаос. Целиот комлекс сега е хортикулурно уреден со модерен парк со фонтана, средени плажи, типицирани тезги, нови тоалети и многу други содржини.

Свети Наум одамна заслужил да го има овој лик и се надевам дека уште повеќе со време ќе се разубавува ликот и убавината на Свети Наум Охридски.
Владика Тимотеј.

Владиката Тимотеј не го поколебаа ниту проблемите со надлежните институции кои ги имаше околу добивањето на потребните дозволи, а кои испливаа на површина по неговите јавни изјави поврзани со Субрата Рој, дека нема намера да даде „ни една педа земја од комплексот на Субрата. ​

Туристички комплекс Свети Наум во Охрид.
Туристички комплекс Свети Наум во Охрид.

Владиката Тимотеј вели дека Свети Наум одамна го заслужувал овој лик.

Со поставувањето на влезната врата, отстранувањето на тезгите кои не личеа на ништо, со средување на околината, местото си го доби своето вистинско значење. Се чувствува и по гостите, но и по нас дека уживаме во глетката.
Тања Лилиќ Момироска, туристички водич од Охрид.

„Свети Наум одамна заслужил да го има овој лик и се надевам дека уште повеќе со време ќе се разубавува ликот и убавината на Свети Наум Охридски. Се разбира дека имаше разни коментари и добронамерни и злонамерни, повеќе отколку добронамерни, но секој еден кој што е ослободен од некои субјективности мислам дека треба да ја поздрави оваа иницијатива на манастирската управа, се разбира и на локалната самоуправа која ни излезе во пресрет да не потолерираат малку додека ја подготвиме таа документација која е во тек на изработка“, рече Тимотеј.

Беше крајно време да се уреди целиот комплекс кој секојдневно го посетуваат стотина туристи од целиот свет, вели Тања Лилиќ Момироска, туристички водич од Охрид.

„Со поставувањето на влезната врата, отстранувањето на тезгите кои не личеа на ништо, со средување на околината, местото си го доби своето вистинско значење. Се чувствува и по гостите, но и по нас дека уживаме во глетката и дека конечно манастирскиот комплекс ќе си блесне во сиот свој сјај од влезот до манастирот.

РСЕ: Која беше првичната реакција на гостите порано?

„Обично кога влегуваме првиот впечаток беше како шарен панаѓур. Сметам дека манастирот не заслужуваше да изгледа на тоа“, вели Лилиќ.

Таа вели дека останува да се среди уште проблемот со паркирањето на Свети Наум за да впечатокот биде комплетен.

„Треба да си го средат проблемот со правилното паркирање на автомобили и автобуси. Среденоста особено на тоалетот беше прв предизвик дека е се во ред, бидејки масовноста на тоа место се знае. Кога и Охрид би го средиле со јавни тоалети би било супер, сега се е само лажни ветувања“, рече Лилиќ.

За градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ова ќе претставува значаен поттик и за развој на туризмот во Охрид. Тој рече дека во завршна фаза е изготвувањето на потребната урбанистичко-планска документација.

„Конечно на Охрид и на овој регион му требаше и една ваква уредена површина околу манастирот Свети Наум со кој што доби еден сосема нов, уреден, современ лик кој им се допаѓа на сите во Република Македонија“, вели Никола Бакрачески.

XS
SM
MD
LG