Што е всушност Леб и игри? Дали е тоа еден град во кој сите се заглавени во бескрајно повторување на дневните рутини или е можеби мравјалник во кој луѓето се предодредени да бидат дел од систем или еден организам, каде нема никакво место за индивидуалност или слобода? Или е машина што функционира како подмачкана во која луѓето делат иста судбина со еден запчаник? Можеби е пресек на дигестивниот систем на едно митско суштество кое Хобс го нарекува Левијатан, кој го екстрахира секој сок живот. Една дистописка средина, каде може да се проектираат разни фантазии и желби, разни пориви и нагони.
Во завоите на самиот мисловен процес се надоврзува и една суптилна и латентна но во себе експлозивна конотација - фразата „леб и игри“ (латински: panem et circenses, или буквално „леб и циркуз), која е популарна метафора за методите преку кои власта обезбедува поддршка од граѓаните така што привидно ги задоволува нивните краткорочни интереси и неважни потреби на т.е. да би свртела внимание од многу позначајните проблеми.
Ма, Дајте Леб и Игри па ќе бидат задоволни, а ако нема леб, дајте колачиња!
Ова ќе биде забележано за делото „Леб и игри“, слика во комбинирана техника (цртеж, дигитално боење, принт на платно, рачно боење, (160 x 80cm), за кое Иван Ивановски стана добитник на годишната награда за млад ликовен уметник до 35 години „Денес 2014“, што ја доделува Центарот за современи уметности од Скопје во соработка со Фондацијата за граѓанско општество од Њујорк.
Во конкуренција за ова традиционално признание што го носи името на еминентната македонска ликовна група од 1960-те ѝ се доделува од 2003 година, овој пат финалисти беа и ЕФЕМЕРКИ (Драгана Заревска и Јасна Димитровска), Дарко Алексовски и Горан Менков, а наградата се состои од стипендија која што ги покрива трошоците за пат и шестнеделен престој во Меѓународната куќа поврзана со Универзитетот во Колумбија, Њујорк.
Ивановски вели дека наградата ќе му даде дополнителен мотив за натамошното уметничко творештво, а за делото истакнува дека настанало во континуитет на неговиот истоимен авторски проект „Леб и игри“.
„Овој проект „Леб и игри“ почна заедно со музичката група БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА кога работев видеа за нивниот настап на фестивалот „Таксират“, па потоа сето тоа се развиваше и верувам дека ќе се развива и во иднина“, вели тој.
Уметникот дополнува дека неговиот творечки израз и музиката на составот БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА се комплементарни и дека всушност идејата била тие да функционираат засебно.
„Нивната музика е доста инспиративна. Сите овде се соочуваме со исти проблеми и сега кога веќе ги имаш тие ставови кон реалноста во различни форми, тоа секогаш е многу поубаво и некако се заокружува целината. Појасна е сликата за состојбата“, вели Ивановски.
Роден на 27 септември 1983 година во Скопје, Иван Ивановски е уметник кој твори во повеќе области. Скулптор по професија, тој своите ликовни дела на публиката започнал да ѝ ги претставува пред нецела декада и зад себе има неколку самостојни изложби и повеќе групни постановки во земјава и во странство. Во 2007 година се втурнал во авантура да креира експериментални видеа и анимирани филмови кои биле прикажувани и наградувани на различни филмски фестивали во соседните Србија и Грција, во Холандија, Малта, Словенија, Босна и Херцеговина, Италија, Турција и во САД.
„Секоја форма си има свои предности и свои недостатоци. Затоа секое дело сакам да биде само за себе. Некои се многу поинтроспективни, некои социјално многу поангажирани, но она што се трудам е да експериментирам и да пронајдам некој мој израз што ќе биде уникатен за да можам самиот да се најдам и да се изразам себе си“, вели Ивановски.
Инаку, по понеделничката изложба во Мобилно/Монтажна галерија на која му беше доделена наградата, Ивановски на 26 јуни го очекува и самостојната постановка во Младинскиот културен центар во Скопје на која ќе бидат изложени слики и цртежи настанати во последниве две години, а уметникот паралелно го снима и својот нов анимиран филм со работен наслов „ Х/0 “.
„Идејата е да се прикаже оној двопартиски систем во кој што сме заглавени повеќето земји во светот и каде што привидно имаме избор да бираме, но и ништо повеќе од тоа. Впрочем таква е судбината на нашето и повеќето други општества на земјината топка“, вели Ивановски.
Овој проект „Леб и игри“ почна заедно со музичката група БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА кога работев видеа за нивниот настап на фестивалот „Таксират“, па потоа сето тоа се развиваше и верувам дека ќе се развива и во иднина.Иван Ивановски, уметник.
Во завоите на самиот мисловен процес се надоврзува и една суптилна и латентна но во себе експлозивна конотација - фразата „леб и игри“ (латински: panem et circenses, или буквално „леб и циркуз), која е популарна метафора за методите преку кои власта обезбедува поддршка од граѓаните така што привидно ги задоволува нивните краткорочни интереси и неважни потреби на т.е. да би свртела внимание од многу позначајните проблеми.
Ма, Дајте Леб и Игри па ќе бидат задоволни, а ако нема леб, дајте колачиња!
Секоја форма си има свои предности и свои недостатоци. Затоа секое дело сакам да биде само за себе. Некои се многу поинтроспективни, некои социјално многу поангажирани, но она што се трудам е да експериментирам и да пронајдам некој мој израз што ќе биде уникатен за да можам самиот да се најдам и да се изразам себе си.Иван Ивановски, уметник.