Во внатрешноста на Македонија има повеќе академски уметници кои сметаат дека тие, во споредба со нивните колеги од главниот град, но и од поголемите културни центри, се маргинализирани. Тие творат многу професионално и успешно, но тешко доаѓаат до проекти и средства поради тоа што живеат подалеку од центарот.
Академскиот уметник Адем Сулејмановски од Ростуше, општина Маврово – Ростуше, кој има завршено Факултет за пременета уметност во Скопје во 80-те години во класата на познатиот Петар Мазев, а потоа и бројни специјализации во западните земји е специјализиран за изработка на мозаик. Неговите дела на најдобар начин го презентираат убавиот рекански регион, но и другите региони од западниот дел на Македонија. Но, тој оценува дека многу потешко со своите дела се пробива во јавноста и културните настани во споредба со неговите колеги од поголемите македонски градови.
„За разлика од моите колеги од Скопје, но и од другите поголеми градови, ние сме малку маргинализирани. Ние многу тешко доаѓаме до проекти за организирање на изложби. Изложбите претежно се отвораат во Скопје и сите културни настани се одвиваат во центарот на Македонија. Покрај тоа што многу е тешко да се има самостојна изложба во Скопје, имаме проблеми и со следењето на изложбите, бидејќи за да се појде до Скопје потребни се средства, што значи дека тешко е да се посетуваат и изложбите од другите колеги. Сепак, сметам дека во оваа несреќа има и одредена среќа кога се работи за добивање на информации. Електронските медиуми сега ни овозможуваат да ги следиме таквите настани, но сепак тоа не е доволно за нас како ликовни уметници“, вели тој.
Сулејмановски вели дека и многу негови колеги од другите помали градови во Македонија се во иста положба и покрај високиот квалитет на нивните дела. За него решението треба да се бара во централните институции, особено надлежното министерство.
„Проблемот треба да се решава во Министерството за култура. Во поголемите градови има културни домови, но таму повеќе треба да има културни активности, а особено изложби, но таму се одвиваат повеќе политички настани за време на изборни кампањи отколку културни настани. Комисиите кои се надлежни во Министерството за изборот на уметници во одредени изложби треба повеќе да посветуваат внимание и на локалните уметници. Таму има одредени селекции“, вели тој.
Реканскиот уметник Адем Сулејмановски сепак е оптимист во однос на иднината на академските уметници од внатрешноста. Тој вели дека квалитетот на делата, сепак со време ќе отвори простор и овие локални уметници кои творат во помалите населени места во Македонија ќе дојдат до израз.
За разлика од моите колеги од Скопје, но и од другите поголеми градови, ние сме малку маргинализирани. Ние многу тешко доаѓаме до проекти за организирање на изложби.Адем Сулејмановски, уметник.
Академскиот уметник Адем Сулејмановски од Ростуше, општина Маврово – Ростуше, кој има завршено Факултет за пременета уметност во Скопје во 80-те години во класата на познатиот Петар Мазев, а потоа и бројни специјализации во западните земји е специјализиран за изработка на мозаик. Неговите дела на најдобар начин го презентираат убавиот рекански регион, но и другите региони од западниот дел на Македонија. Но, тој оценува дека многу потешко со своите дела се пробива во јавноста и културните настани во споредба со неговите колеги од поголемите македонски градови.
Комисиите кои се надлежни во Министерството за изборот на уметници во одредени изложби треба повеќе да посветуваат внимание и на локалните уметници.Адем Сулејмановски, уметник.