Комедијата „Ке Д Орсе“ на славниот Бертран Таверние со која што ќе започне манифестацијата , „Ив Сен-Лоран“ на Жалил Лепер, „Венера во крзно“ на Роман Полански, „Лудата розова лимузина“ на Жозефин де Мо, „Газели“ на Мона Ашаш...се само некои од филмовите што ќе бидат прикажани во рамките на седмото издание на Францускиот филмски фестивал, кое од 18 до 22 јуни ќе се одржи во Скопје и во Охрид.
Во трите селекции, во кината Милениум и Фросина, во Кинотека на Македонија и во Домот на културата „Григор Прличев“ , е предвидено да бидат прикажани 9 долгометражни и четири краткометражни филмови и еден документарец, а вљубениците во естетиката и поетиката на една од водечките кинематографии на Стариот континент ќе имаат можност да се сретнат и со синеастите гости на случувањето.
Така овојпат е најавено доаѓањето на актерите Жаки Бероаје, Жозефин де Мо, филмскиот композитор Бруно Алексиу и француските продуценти Фредерик Бурбулон и Ален Мајор, кои на 19 јуни на Универзитетот ЕСРА е предвидено да одржат работилница за продукцијата во Европа.
На Фестивалот, во рамките на Комеморативната селекција, ќе и биде оддадено почит на 70-годишнината од Истоварувањето на сојузничките сили во Нормандија, а манифестацијата ќе биде крунисана со прикажувањето на актуелниот филмски хит - трилерот „96 часа“ на режисерот Фредерик Шендорфер, кому ќе му биде доделена Златна маска за животно дело.
„Ми преставува особена чест да го најавам овој настан кој почна, на некој начин, како еден вид авантура помеѓу две филмски школи и благодарение на амбасадорот г-дин Јордан Плевнеш, тој денеска се вкорени како фестивал кој што со нетрпение се очекува секој јуни и кој во изминатиов период израсна во навистина клучна средба помеѓу кинематографиите на нашите две земји“, ќе рече во пресрет на случувањето Лоренс Оер, амбасадорка на Република Франција во Република Македонија.
Од друга страна, министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска, откако ќе забележи дека Францускиот филмски фестивал е централен настан кој ја афирмира француската култура во нашата земја потенцира дека тој веќе седум години успешно ја остварува својата мисија како мост за интензивна комуникација помеѓу филмските творци од обете земји. Во тој контекст, таа истакнува дека наедно манифестацијата е дел и од иницијативата на ресорното министерство и Агенцијата за филм за привлекување на странски продуценти за снимање на филмови во нашата држава.
„Со сериозни заложби на Амбасадата на Франција и Министерството за култура очекуваме наскоро да биде потпишан и билатерален договор за копродукции меѓу Република Македонија и Република Франција кој ќе го води Францускиот национален центар за филм чии претставници на почетокот на јули ќе ја посетат нашава земја. Овој договор ќе овозможи подиректна копродукциска соработка помеѓу македонските и француските копродуценти со што ќе се олесни користењето на поволностите кој ги нуди законската регулатива во областа на филмската дејност во Република Македонија. “
Кон ова само уште информацијата дека Францускиот институт од Скопје, инаку организатор на оваа престижна француско-македонска културна манифестација чија цел е продлабочување на соработката помеѓу двете кинематографии и отворањето нови можности за размена на уметници, продуценти и режисери, за размена на искуства, сем во Скопје и во Охрид, во текот на годината, дел од филмовите преку проекциите на својот Кино клуб, ќе им претстави и на љубителите на подвижните слики од другите поголеми градови во Република Македонија.
Oвој настан кој почна, на некој начин, како еден вид авантура помеѓу две филмски школи и благодарение на амбасадорот г-дин Јордан Плевнеш, тој денеска се вкорени како фестивал кој што со нетрпение се очекува секој јуни.Лоренс Оер, амбасадорка на Република Франција во Република Македонија.
Во трите селекции, во кината Милениум и Фросина, во Кинотека на Македонија и во Домот на културата „Григор Прличев“ , е предвидено да бидат прикажани 9 долгометражни и четири краткометражни филмови и еден документарец, а вљубениците во естетиката и поетиката на една од водечките кинематографии на Стариот континент ќе имаат можност да се сретнат и со синеастите гости на случувањето.
Така овојпат е најавено доаѓањето на актерите Жаки Бероаје, Жозефин де Мо, филмскиот композитор Бруно Алексиу и француските продуценти Фредерик Бурбулон и Ален Мајор, кои на 19 јуни на Универзитетот ЕСРА е предвидено да одржат работилница за продукцијата во Европа.
Овој договор ќе овозможи подиректна копродукциска соработка помеѓу македонските и француските копродуценти со што ќе се олесни користењето на поволностите кој ги нуди законската регулатива во областа на филмската дејност.Елизабета Канчевска Милевска, министерка за култура.