Достапни линкови

Десетици случаи на инциденти од омраза во Македонија


Она што особено загрижува, вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, е зголемената бројка на инциденти предизвикани поради политичкo определување или припадност.

Педесет и пет инциденти сторени од омраза оваа година, регистрирал Хелсиншкиот комитет за човекови права, додека бројката за минатата година изнесува 116. Извршниот директор на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска вели дека очигледно е оти интензитетот на делата сторени од омраза продолжува и во 2014 година. Но, она што особено загрижува, според неа, е зголемената бројка на инциденти предизвикани поради политички определување или припадност.
Констатирано е дека дури 35 проценти од инцидентите што се случиле се по основ на политичка припадност.
Уранија Пировска, Хелсиншки комитет на Македонија.


„Констатирано е дека дури 35 проценти од инцидентите што се случиле се по основ на политичка припадност. Што се однесува до инцидентите од друг вид, повеќетo од нив, 13 случаи се против имот, а останатите се насочени против лица“, вели Пировска.
Илустрација.
Илустрација.


Таа додава дека нотирале оти голем дел од инцидентите во минатата година биле поврзани со сексуалната ориентација и верската определба. Но, најголем дел од нив биле по основ на етничка припадност, особено присутни помеѓу младите.
Јас не можам да констатирам дека државата навистина покажува волја да ги спречи вавките инциденти.
Уранија Пировска, Хелсиншки комитет на Македонија.


„Јас не можам да констатирам дека државата навистина покажува волја да ги спречи вавките инциденти, особено што станува збор за инциденти коишто се по основ на етничка припадност. Тоа говори и за тензијата која постои, а којашто на некој начин се прикрива со тоа што се игнорираат состојбите кои ние ги покажуваме. Непреземањето мерки во оваа сфера на односи е мошне опасна за состојбите во Македонија, ако се има предвид дека Република Македонија се декларира како мултиетничка и мултикултурна држава“, вели таа.

Според Пировска, Хелсиншкиот комитет ги известил надлежните институции за сите инциденти за кои имаат сознанија, но од министерството за внатрешни работи добиле одговор само дека се преземаат мерки.

„Притоа воопшто не известувајќи какви мерки се преземаат и што е поднесено, односно каков вид на постапка е покрената против сторителите“, вели Пировска.

Анализата на Хелсиншкиот комитет е дел од проектот „Поддршка на националните чинители во справувањето со криминалот од омраза и говорот на омраза“, финансиран од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG