Ми претставува особена чест и задоволство што по трет пат ќе имам свој настап на овој прекрасен медитерански остров. Првиот пат беше кога имав 14 години, вториот како студент, но сега моето гостување на Кипар ќе има сосема поинаква димензија.
Ова ќе го запише истакнатиот инструменталист и професор по хармоника Петре Јованов во пресрет на своето патување во оваа земја. Тој во рамките на предвидените работилници за музика од целиот свет, организирани од „FOGEM Culture Center“ од Северен Кипар, на 17 мај, ќе одржи мастерклас за инструментот хармоника при што на учесниците ќе им презентира и дел од богатото македонско музичко творештво. Конечно, на крајот од претставувањето превидено е Јованов да одржи и солистички концерт на кој ќе бидат изведени повеќе дела со различна содржина, почнувајќи од класични, преку неколку џез и вариете композиции, за да заврши со виртуозни мелодии од нашата фолклорна традиција.
„Вториот дел е посебно интересен за нас како нација, но и за нив како слушатели бидејќи ќе се обидам да претставам дел од македонското музичко творештво во коешто всушност хармониката зазема значајно место, презентирајќи дел од богатото мелодиско-ритмичко наше наследство. Се надевам дека ќе имаме успешен настан и дека ќе успеам на достоинствен начин да ја претставам нашава огромна музичка традиција, како класичната така и фолклорната“, вели тој.
Роден 1980 година, Петре Јованов и припаѓа на првата генерација класично образовани македонски хармоникаши. Сопствената едукација ја започнал во основното музичко училиште во родниот Радовиш, а дипломирал на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во класата на професор Војин Васовиќ, еден од најпознатите европски музички педагози. Паралелно студирал на одделот за сонологија кај професор д-р Димитрије Бужаровски, а со звањето магистер на музички науки се стекнал под менторство на Викторија Коларовска Гмирја.
Јованов, кој извесно време се бави и со проучување на музичката технологија (музичка продукција, звучни синтези и манипулации, композиторски и изведувачки техники) веќе 12 години е редовен професор по хармоника во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип. Тој досега со своите ученици има освоено над 40 награди на значајни државни и меѓународни натпревари. Неодамна имаше солистички концерт и на 13-от Меѓународен музички фестивал што се одржа во Прага, Република Чешка.
„Реакциите на публиката и на организаторите на самиот фестивал во Прага беа одлични бидејќи и покрај познавањата за сценската музика тие беа воодушевени од богатството на македонските мотиви кои што беа изведени на крајот од мојот настап“, вели тој.
Серијата перформанси по Европа Петре Јованов ја продолжува во јуни кога треба да патува во Каталонија, во Шпанија, а во меѓувреме ќе го продолжи својот ангажман како постојан диригент на мешаниот хор „Свети Спасо Радовишки“.
„Веќе седма година како сум постојан диригент на мешаниот црковен хор „Свети Спасо Радовишки“ со којшто редовно настапуваме на литургии и други свечености во организација на МПЦ. Покрај тоа хорот има и чести настапи и концерти, но за жал ограничени сме само на територијата на Република Македонија, бидејќи средства за излегување надвор тешко наоѓаме во овие моменти на криза. Инаку, во хорот членуваат луѓе ентузијасти и аматери, значи не се музички професионалци, и иако работата со нив е исклучително напорна сепак на крајот донесува убав плод и многу радости од целата таа заедничка дружба“, вели Јованов.
Конечно, уметникот мнозина го препознаваат и како лидер на оркестри на неколку фолклорни ансамбли („Ацо Караманов“ и „Бучим“ од Радовиш и „Кочо Рацин“ од Скопје) со кои музицирал на фестивали во Австрија, Канада, Франција, Германија, Полска, Турција, Украина, а во последно време се бави и со продукција и организација на музички настани.
Вториот дел е посебно интересен за нас како нација, но и за нив како слушатели бидејќи ќе се обидам да претставам дел од македонското музичко творештво во коешто всушност хармониката зазема значајно место.Петре Јованов, хармоникаш.
Ова ќе го запише истакнатиот инструменталист и професор по хармоника Петре Јованов во пресрет на своето патување во оваа земја. Тој во рамките на предвидените работилници за музика од целиот свет, организирани од „FOGEM Culture Center“ од Северен Кипар, на 17 мај, ќе одржи мастерклас за инструментот хармоника при што на учесниците ќе им презентира и дел од богатото македонско музичко творештво. Конечно, на крајот од претставувањето превидено е Јованов да одржи и солистички концерт на кој ќе бидат изведени повеќе дела со различна содржина, почнувајќи од класични, преку неколку џез и вариете композиции, за да заврши со виртуозни мелодии од нашата фолклорна традиција.
„Вториот дел е посебно интересен за нас како нација, но и за нив како слушатели бидејќи ќе се обидам да претставам дел од македонското музичко творештво во коешто всушност хармониката зазема значајно место, презентирајќи дел од богатото мелодиско-ритмичко наше наследство. Се надевам дека ќе имаме успешен настан и дека ќе успеам на достоинствен начин да ја претставам нашава огромна музичка традиција, како класичната така и фолклорната“, вели тој.
Реакциите на публиката и на организаторите на самиот фестивал во Прага беа одлични бидејќи и покрај познавањата за сценската музика тие беа воодушевени од богатството на македонските мотиви кои што беа изведени на крајот од мојот настап.Петре Јованов, хармоникаш.