Младиот Александар Коловски ја продолжува серијата на победи на големите меѓународни натпревари. Деновиве, во силна конкуренција, беше прогласен за најдобар во категоријата на сениори за вариете музика на 38. Светски натпреварот за хармоника во Кастефилардо, еден од најпознатите во Италија.
Станува збор за случување кое се одржа во рамките на фестивалот со истото име кој годинава ја одбележа својата 150-годишнина од постоењето и за натпревар на кој вообичаено се присутни најголемите авторитети во однос на изведбата на овој инструмент. Годинава на овој собир биле присутни повеќе од 500 натпреварувачи од светот, на него во минатото победувале славните Јури Шихин, Ришар Галијано, Ренѕо Руигиери, Александар Селиванов и други, а интересно е и тоа што манифестацијата се одвива во регионот каде што се наоѓаат фабриките за изработка на најпознатите глобални брендови за хармоника – Армандо Бугари, Пигини, Балоне Бурини и Зеро Сете.
„Уште пред две години кога освоив три светски награди во една сезона не можев да верувам дека сум победил на тие натпревари, затоа што порано јас само слушав за нив, за тие имиња и за луѓето коишто одат таму. Но, ете се случи и самиот да сум дел од тие натпревари и да победам, а сега оваа награда, последната, ми е посебно драга затоа што само втор пат се појавувам за вариете музика на еден светски натпревар, сам се подготвував и освоив прво место“, вели Коловски.
Тој дополнува дека во неговата категорија се натпреварувале веќе проверени инструменталисти, студенти на многу познати светски професори, кои биле таму со нив, и дека тој бил без свој ментор и без никаква поддршка.
„Само јас отидов сам, без професор и без никаква поддршка, но ете на крај сè испадна како што треба и пресреќен сум“, вели Коловски.
Роден 1990 година, Александар Коловски се смета за еден од најистакнатите млади македонски уметници. Во изминатава декада, добитник е на 15-тина награди на меѓународните натпревари, а од 2010 година не само што започна да ги открива тајните на вариете музиката (танго, француска музика, џез...), туку стана артист и промотер на светски познатата марка хармоники Хохнер.
Досега настапувал на фестивали и во Франција, Финска, Бугарија, Кина, Чешка, Германија, Литванија и во САД.
Коловски сè уште е студент кај еден од најпознатите светски професори Фредерик Дешамп и на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на Златко Мадевски, а по актуелната победа во Кастефилардо истакнува дека му се отворени сите врати за натамошна едукација и афирмација.
„Моментално вратите ми се отворени секаде, затоа што јас сè уште сум студент на ФМУ. Тоа значи дека по завршувањето ќе можам мастер да направам било каде без никакви проблеми, затоа што дипломите од овие натпревари се најценети во однос на музиката за хармоника и по победите на нив јас немам право повеќе да се натпреварувам на нив“, вели Коловски.
Инаку, младиот уметник моментално е во Франција каде се подготвува за својот нов настап на еден од тамошните прочуени фестивали по хармоника што ќе се одржи на почетокот од октомври. Неговата желба е по дипломирањето да и се посвети на модерната музика пишувана за хармоника, а знае да каже дека би сакал студиите да ги продолжи кај прочуениот Макс Боне во Париз.
Она што е извесно е дека Коловски го чекаат и настапите во Германија и Австрија, а за следната година има договорено двомесечна турнеја во Кина.
Уште пред две години кога освоив три светски награди во една сезона не можев да верувам дека сум победил на тие натпревари, затоа што порано јас само слушав за нив, за тие имиња и за луѓето коишто одат таму. Но, ете се случи и самиот да сум дел од тие натпревари и да победам, а сега оваа награда, последната, ми е посебно драга затоа што само втор пат се појавувам за вариете музика на еден светски натпревар, сам се подготвував и освоив прво место.Александар Коловски, хармоникаш.
Станува збор за случување кое се одржа во рамките на фестивалот со истото име кој годинава ја одбележа својата 150-годишнина од постоењето и за натпревар на кој вообичаено се присутни најголемите авторитети во однос на изведбата на овој инструмент. Годинава на овој собир биле присутни повеќе од 500 натпреварувачи од светот, на него во минатото победувале славните Јури Шихин, Ришар Галијано, Ренѕо Руигиери, Александар Селиванов и други, а интересно е и тоа што манифестацијата се одвива во регионот каде што се наоѓаат фабриките за изработка на најпознатите глобални брендови за хармоника – Армандо Бугари, Пигини, Балоне Бурини и Зеро Сете.
„Уште пред две години кога освоив три светски награди во една сезона не можев да верувам дека сум победил на тие натпревари, затоа што порано јас само слушав за нив, за тие имиња и за луѓето коишто одат таму. Но, ете се случи и самиот да сум дел од тие натпревари и да победам, а сега оваа награда, последната, ми е посебно драга затоа што само втор пат се појавувам за вариете музика на еден светски натпревар, сам се подготвував и освоив прво место“, вели Коловски.
Само јас отидов сам, без професор и без никаква поддршка, но ете на крај сè испадна како што треба и пресреќен сум.Александар Коловски, хармоникаш.
„Само јас отидов сам, без професор и без никаква поддршка, но ете на крај сè испадна како што треба и пресреќен сум“, вели Коловски.
По завршувањето ќе можам мастер да направам било каде без никакви проблеми, затоа што дипломите од овие натпревари се најценети во однос на музиката за хармоника и по победите на нив јас немам право повеќе да се натпреварувам на нив.Александар Коловски, хармоникаш.