Достапни линкови

Големи имиња на „Охридско лето“ во претстојните два дена


Кинескиот оркестар на Централниот музички конзерваториум од Пекинг.
Кинескиот оркестар на Централниот музички конзерваториум од Пекинг.

На „Охридско лето 2013“, во претстојниве два дена, два големи музички настани. Во предворјето на црквата Света Софија, утревечер од 21 часот, ќе настапи Кинескиот оркестар на Централниот музички конзерваториум од Пекинг, а в сабота, во истиот термин, на сцената на Антички театар ќе се искачат девојките од мега популарниот британски гудачки квартет „Бонд“.

По спектакуларното отворање со рускиот баритон Дмитри Хворостовски, одличните настапи на бразилскиот виолончелист Антонио Менезес и францускиот виртуоз на хармоника Ришар Галијано, музичката програма на 53-то издание на „Охридско лето“ продолжува со серија на големи и значајни концертни случувања кои го подгреваат до усвитување љубопитството на проследувачите на ваквите културни содржини.
Кинескиот оркестар на Централниот музички конзерваториум од Пекинг е колектив во кој вообичаено членуваат младите талентирани студенти од Одделот за традиционални инструменти. Овој оркестар е специјализиран за музика од современите кинески композитори кои пишуваат дела за традиционалните инструменти и соработувајќи со врвни исполнители е чест гостин на Пекиншкиот фестивал за современа музика и на Меѓународниот фестивал на млади музичари во Јапонија.

Гудачкиот квартет „Бонд“.
Гудачкиот квартет „Бонд“.
Богатиот музички викенд ќе го започне Кинескиот оркестар на Централниот музички конзерваториум од Пекинг, кои во предворјето на црквата „Света Софија“, ќе го одржат својот втор голем концерт во нашава земја по синоќешниот во МОБ, во рамките на актуелното Скопско лето и Деновите на кинеска култура во Република Македонија. Членовите на овој ансамбл, под диригентство на маестро Ванг Фуѓијан, и во оваа пригода ќе се претстават со композиции од автори како Тан Дун, Џијанг Јинг, Танг Џијанпинг и Гуо Венџинг и Џанг Жао, и со традиционална кинеска музика во современи аранжмани направени од реномирани тамошни творци. Притоа како солисти ќе настапат петмина инструменталисти чија специјалност се двожичната кинеска виолина (ерху), флејтата направена од бамбус (дизи), кинеската обоа (суона) и други.
Гудачкиот квартет „Бонд“, без сомнение е најкомерцијалното име што ќе се појави на една од сцените од годинашново „Охридско лето“. Своевремено од островскиот печат беа пречекани како „Спајс грлс на класичната музика“.

Формиран во 60-те години од минатиот век, Кинескиот оркестар на Централниот музички конзерваториум од Пекинг е колектив во кој вообичаено членуваат младите талентирани студенти од Одделот за традиционални инструменти. Овој оркестар е специјализиран за музика од современите кинески композитори кои пишуваат дела за традиционалните инструменти и соработувајќи со врвни исполнители е чест гостин на Пекиншкиот фестивал за современа музика и на Меѓународниот фестивал на млади музичари во Јапонија.

Од друга страна, британскиот музички феномен – гудачкиот квартет „Бонд“, без сомнение е најкомерцијалното име што ќе се појави на една од сцените од годинашново „Охридско лето“. Таниа Дејвис (виолина), Иос Чатер (виолина), Елспет Хенсон (виола) и Геј-Ји Вастерхов, четирите девојки кои своето образование го стекнале на најпризнатите музички институции во светот како Ројал академи оф мјузик, Ројал колеџ оф мјузик, Гајдхол..., своевремено од островскиот печат беа пречекани како „Спајс грлс на класичната музика“. Денес на првата декада од своето постоење, со продадени над 5 милиони албуми низ светот, на кои патем е документирана нивната изведба на дела од различни жанрови – од класика, преку латино, фолк, џез, рок, електро до источната музика, квартетот „Бонд“ е супербренд со милионска армија на обожаватели и дури неверојатни 56 платински и 15 златни тиражи за своите изданија.

Со многу појавувања на големите телевизиски шоу програми, (беа домаќинки на „Си-ен-ен мјузик рум“, учеснички во престижното њујоршко „Рејдио сити мјузик хол“, на доделувањето на МТВ награди во Америка и Азија...), распродадени турнеи, девојките се и горди амбасадори на Хуманитарната организација за деца – Корам, приходот од нивниот минатогодишен божиќен сингл го отстапија на фондацијата „Да ги спасиме децата“, а настапија и на свеченото затворање на Летните олимписки игри 2012 кои се одржаа во Лондон.

Конечно, во оваа серија на значајни музички перформанси треба да се вброи и рециталот на една од најистакнатите и најактивни македонски пијанистки Марија Ѓошевска. Таа во единствено акустичниот простор на „Света Софија“ овој пат ќе се претстави со дела на Шуберт, Шопен и Шуман.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG