Во Македонија во моментов имаме пат позиција поради блокадата на институциите од страна на СДСМ и непризнавањето на изборите, велат експертите. Неизвесно е сè уште како опозицијата ќе дејствува, иако оттаму соопштија дека имаат концепт. Дали е возможно да се воспостави политички дијалог, кој многу веројатно, како и во минатото, ќе го побара меѓународната заедница со цел да се решат несогласувањата меѓу власта и опозицијата?
Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека меѓународната заедница ќе се замеша како и секогаш во политичка криза, но прашање е како и кога ќе биде извршен притисокот.
„Мора затоа што ние 22 години имаме незрела демократија, демократија на деца кои си играат политика, имаме дури и детски одлуки и размазено однесување во политичката сфера и досега многу пати сме виделе како меѓународната заедница мора да ги фати за уши нашите политичари, да ги седне на маса за да се донесе нормално и здраво политичко решение“, вели таа.
РСЕ: Не очекувате политички дијалог доколку се оставени сами на себе?
„Не, не, затоа што тука преовладуваат суети, преовладуваат лични и партиски интереси“, вели Стојадиновиќ.
Професор Арсим Синани вели дека земјата се наоѓа во тешка ситуација и не знае колку би можела меѓународната заедница да преземе нешто кога опозицијата не ги признава изборите.
„Дијалогот треба да се направи пред да се формираат институциите. Не гледам некоја ситуација каде би се воспоставил овој дијалог. Мислам дека Македонија оди кон техничка влада. Мислам дека опозицијата ќе оди до крај и тоа е шансата на СДСМ за да испровоцира уште едни избори“, вели Синани.
Но, според Стојадиновиќ, прашање е колку СДСМ ќе остане доследна на својата одлука да бојкотира.
„Под голем знак прашалник е нивната доследност, затоа што ние видовме нивна недоследност после 24 декември. Без разлика колку вжештени изјави даваа па испаднаа недоследни, така што тука се поставува и прашањето на нивниот легитимитет, односно на легитимитетот на нивните партиски одлуки“, вели Стојадиновиќ.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по партискиот конгрес викендов порача дека крајната цел им се демократски и фер избори на кои како што изјави опозицијата ќе победи.
Ние 22 години имаме незрела демократија, демократија на деца кои си играат политика, имаме дури и детски одлуки и размазено однесување во политичката сфера и досега многу пати сме виделе како меѓународната заедница мора да ги фати за уши нашите политичари, да ги седне на маса за да се донесе нормално и здраво политичко решение/Соња Стојадиновиќ, политиколог.
Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека меѓународната заедница ќе се замеша како и секогаш во политичка криза, но прашање е како и кога ќе биде извршен притисокот.
„Мора затоа што ние 22 години имаме незрела демократија, демократија на деца кои си играат политика, имаме дури и детски одлуки и размазено однесување во политичката сфера и досега многу пати сме виделе како меѓународната заедница мора да ги фати за уши нашите политичари, да ги седне на маса за да се донесе нормално и здраво политичко решение“, вели таа.
РСЕ: Не очекувате политички дијалог доколку се оставени сами на себе?
„Не, не, затоа што тука преовладуваат суети, преовладуваат лични и партиски интереси“, вели Стојадиновиќ.
Мислам дека Македонија оди кон техничка влада. Мислам дека опозицијата ќе оди до крај и тоа е шансата на СДСМ за да испровоцира уште едни избори.Арсим Синани, универзитетски професор.