ММФ во извештајот соопштен денеска во Истанбул, наведува дека во повеќето земји од Централна, Источна и Југоисточна Европа има пораст во пресрет на обновувањето на економијата во Еврозоната.
Во извештајот, насловен „Пролет 2014 - Регионални економски прашања за Централна, Источна и Југоисточна Европа“, не се вклучени Русија и Турција, но се оценува регионалниот ефект од меѓународните санкции врз руската економија.
Во извештајот на ММФ се наведува дека економското закрепнување во регионот се очекува да продолжи и во 2014 година, но, најверојатно, тоа ќе биде послабо отколку што претходно се очекуваше.
Неколку земји , меѓу кои и САД , Европската унија, Канада и Јапонија воведоа санкции спрема Русија по нејзината анексија на Крим, но непосредната реакција на пазарот испрати мешани сигнали .
Сепак, се вели во извештајот, украинската криза донесе нови ризици за регионот, а финансиските пазари во Украина, Русија, Белорусија и Молдавија се под обновен притисок поради загриженоста од нови санкции против Москва.
Тоа може да доведе до посилно влијание врз регионалната трговија, дознаките, и банкарскиот сектор.
Над 40 проценти од европскиот природен гас и една третина од нејзината нафта доаѓа од Русија , а коефициентите на зависнот се дури и повисоки за повеќето земји од Централна и Југоисточна Европа.
Извештајот на ММФ оценува дека соседите на Русија - како што се Молдавија, Белорусија и балтичките земји ќе бидат сериозно погодени од понискиот рускиот раст. Централно европските економии: Унгарија, Словенија, Чешка, Словачка, и Полска, како и некои балкански земји како што се Србија и Бугарија имаат само умерена извозна зависност со Русија и Украина.
Во документот на ММФ, исто така, се забележува дека за повеќето земји во регионот, вистинската економски интеракција со Русија е ограничена надвор од енергетскиот сектор. Во извештајот на ММФ насловен "Пролет 2014 - Регионални економски прашања за Централна, Источна и Југоисточна Европа“, се заклучува дека севкупниот раст во регионот сега се очекува да биде понизок, односно 1,9 во 2014 и 2,6 насто во 2015 година.
Украинската криза донесе нови ризици за регионот, а финансиските пазари во Украина, Русија, Белорусија и Молдавија се под обновен притисок поради загриженоста од нови санкции против Москва.Извештај на ММФ.