Лидерите на Групата - 7 водечките индустриски сили во светот се согласија да продолжат со дополнителни санкции против Русија, ако Москва не преземе конкретни мерки за поддршка на договорот од Женева со намера да се смири кризата во Украина.
Во соопштението издадено на 26 април, изјави дека поради итната потреба да се обезбедат „успешни и мирни демократски избори следниот месец во Украина, групата е решена да дејствува итно да се интензивират санкциите."
Изјавата доаѓа истовремено со медиумските извештаи кои цитираат анонимни американски официјални претставници кои велат дека САД и ЕУ ќе ги објават санкциите против руските власти на 28 април. Германската канцеларка Ангела Меркел ќе отпатува во Вашингтон следната недела за да се состане со американскиот претседател Барак Обама за да разговарат за единствен одговор на дејствата на Русија во Украина.
Претходно, Пентагон соопшти дека руски воени авиони во изминатите 24 часа повеќе пати го нарушиле украинскиот воздушен простор, изјави портпаролот, полковник Стивен Ворен.
„Можам да потврдам дека неколкупати во последните 24 часа руски авиони навлегоа во воздушниот простор на Украина“, посочи полковник Ворен.
Тој не наведе детали каде се случиле инцидентите ниту за кој тип на руски авиони станува збор.
САД ја информираше Русија дека американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел би сакал да зборуваат со рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу, но до сега нема одговор. Русија моментално спроведува воени вежби долж границата со Украина, што Хејгел го опиша како „опасно дестабилизирачки.“
Про-руските бунтовници во источна Украина кои држат група на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во заложништво, рекоа дека заробените се „НАТО шпиони." Самопрогласениот лидер на про-руските сепаратисти во градот Донецк, Денис Пушилин изјави дека набљудувачите „ќе бидат разменети“ за нивни затвореници. Пушилин рече дека таква трампа е единствениот начин набљудувачи на ОБСЕ да бидат ослободени.
Не е познато колку набљудувачи се држат од страна на про-руските бунтовници.
Првично тоа беше група од 13 кои патуваат заедно, вклучувајќи и четири Германци и пет украински војници. Имаше исто така четири воени набљудувачи од Данска, Полска, Шведска и Чешка.
Лидерот на кримските Татари Мустафа Џемилев пак вели дека раководството на рускиот регионот Татарстан „дејствува како сервис на Кремљ" за време на конфликтот околу Крим.
„Ние не го идентификуваме раководство на Татарстан со татарската нација", рече Џемилев во интервју за РФЕ / РЛ, објавено на 25 април. Тој додаде дека ако раководството на Татарстан не го направи она што Кремљ наредил, „тие не би биле на власт“. Тој ја отфрли понуда од татарстанскиот претседател Рустам Миниканов да им служи како врска помеѓу кримските Татари и руската влада.
Можам да потврдам дека неколкупати во последните 24 часа руски авиони навлегоа во воздушниот простор на Украина.Стивен Ворен, американски полковник.
Во соопштението издадено на 26 април, изјави дека поради итната потреба да се обезбедат „успешни и мирни демократски избори следниот месец во Украина, групата е решена да дејствува итно да се интензивират санкциите."
Изјавата доаѓа истовремено со медиумските извештаи кои цитираат анонимни американски официјални претставници кои велат дека САД и ЕУ ќе ги објават санкциите против руските власти на 28 април. Германската канцеларка Ангела Меркел ќе отпатува во Вашингтон следната недела за да се состане со американскиот претседател Барак Обама за да разговарат за единствен одговор на дејствата на Русија во Украина.
Ние не го идентификуваме раководство на Татарстан со татарската нација.Мустафа Џемилев, лидер на кримските Татари.