Само во изминатиот месец се ограбени две цркви и украдени се десетина икони. Мета на крадците биле цркви го гостиварскиот и охридскиот крај. Полицијата се уште не ја соопшти вредноста за украдените предмети.
Најголема кражба на икони и сакрални предмети минатата година се случи во битолскиот крај во црквата „Свето Преображение“ од каде што крадците украле 41 икона од иконостасот. Станува збор за вредни икони стари 120 години изработени од сликарот Јосиф Радев, ученик на Дичо Зограф. Тогаш локалното население јавно се закануваа дека црковното богатство ќе го штитат како во Тексас со пушки или пак со струјни кола околу храмовите.
Според податоците на МВР од 2001 година до сега, 770 пати мета на арамиите биле црквите, а во 53 случи биле ограбени џамии. Причините за кражбите, верските заедници ја гледаат пред сè во сиромаштијата и падот на моралот. Од МПЦ се сомневаат и на систематски програми.
Претседателката на невладината организација Центар за културно наследство Донка Барџиева Трајковска, вели дека честите кражби укажуваат дека меѓу крадците се актуелни делата на Дичо Зографот од 19 век.
„Треба да се направи евиденција, треба да се направи валоризација категоризација по вредности и онаму кадешто се експонирани иконите тие да се осигуруваат. Осигурувањето ќе ни ја даде точната вредност на иконите.“
Според бројките на МВР од 2007 година се бележи раст на кражбите во црквите, на пример во 2001 вата година полицијата регистрирала 60 кражби но од 2010 година се евидентирани околу 100- тина. Најмногу кражби има во скопскиот, кумановскиот и тетовскиот регион.
Барџиева Трајковска вели дека еден од проблемите е чувањето на културното наследство.
„Голем дел од делата на Дичо Зограф се уште се оставени по црквите, а црквите најчесто се малку во поодалечени места, надвор од селата и многу лесно се обиваат, тие не се добро обезбедени.“
Таа додава дека и покрај тоа што во земјава ни се случуваат многу кражби, не се преземаат доволно мерки за заштита на културното наследство и сакралните предмети.
„Тоа е најстрашното. Поразително е тоа што ние со секоја кражба се помируваме, сега веќе ја гледаме како бројка, говориме како бројка колку се украдени, меѓутоа апсолутно нема повратна реакција од надлежното министерство за култура кое е одговорно токму за сите институции.“
МПЦ, ИВЗ, верниците се едногласни во апелите до институциите. Бараат широк ангажман особено од полицијата, трендот на кражби да запре.
Според податоците на МВР од 2001 година до сега, 770 пати мета на арамиите биле црквите, а во 53 случи биле ограбени џамии. Причините за кражбите, верските заедници ја гледаат пред сè во сиромаштијата и падот на моралот.
Најголема кражба на икони и сакрални предмети минатата година се случи во битолскиот крај во црквата „Свето Преображение“ од каде што крадците украле 41 икона од иконостасот. Станува збор за вредни икони стари 120 години изработени од сликарот Јосиф Радев, ученик на Дичо Зограф. Тогаш локалното население јавно се закануваа дека црковното богатство ќе го штитат како во Тексас со пушки или пак со струјни кола околу храмовите.
Според податоците на МВР од 2001 година до сега, 770 пати мета на арамиите биле црквите, а во 53 случи биле ограбени џамии. Причините за кражбите, верските заедници ја гледаат пред сè во сиромаштијата и падот на моралот. Од МПЦ се сомневаат и на систематски програми.
Поразително е тоа што ние со секоја кражба се помируваме, сега веќе ја гледаме како бројка, говориме како бројка колку се украдени, меѓутоа апсолутно нема повратна реакција од надлежното министерство за култура .Донка Барџиева Трајковска, Центар за културно наследство.