Последната голема кражба на вредни предмети и пари од џамија од Охрид, кога од седиштето на Охридското муфтиство на ИВЗ беа украдени 3.000 евра, златен наполеон и пет златни прстени како и многуте кражби на икони и пари од црквите во охридско-струшкиот регион е факт кој треба да не замисли како се грижиме за нашето културно наследство вели за Радио Слобдна Европа, Миџаит Положани професор по Историја на уметноста на Државниот Универзитет во Тетово.
„Мислам дека ова е прашање кое треба да ги засегне најпрво органите на државата. Мислам дека толку многу кражби на толку мал простор и тесни кругови е неразбирливо како се дозволува да се случува такво нешто. Ние секој ден слушаме дека има секакви кражби, но не слушаме дека некој е фатен и откриен. Затоа мислам дека државата треба да ги оспособи повеќе сигурносните мерки бидејки ова веќе станува сериозна работа“, вели Положани.
Професорот Положани смета дека кражбите по верските објекти не се само проблем на Македонија туку дека се работи за меѓународен проблем и дека станува збор за поширока меѓународна мрежа.
„Го гледаме случајот сега со Музејот во Скопје. Се води истрага ќе видиме кој ќе излезе на крај бидејки не може една личност тоа да го прави и да го спроведе.“
РСЕ: Професоре кој стои зади овие кражби?
„Не можам тоа да ви го кажам бидејки јас не сум орган. Мислам дека тука има еден проблем кој треба да ја реши оваа секојдневна појава. Нарачателите на кражбите се многу поважни во целата ситуација. Нарачетелите можеби имаат име, а јас не ги знам имињата“, рече Положани.
Положани не мисли дека иконите од Македонија завршуваат во соседна Албанија, туку дека на крајот овие вредни артефакти завршуваат во Западна Европа кај луѓе кои имаат да платат за нив.
Од полицијата велат дека прават максимални напори за пронаѓање на сторителите. Стефан Димовски портпарол на СВР Охрид вели дека влегувањето во објектот на џамијата е идентичен какои во случајот и со други верски објекти кои во минатото беа цел и напад на кражби.
„Овие предмети се постојано на маса пред полициските службеници и тие имаат обврска да ги решаваат. Се работи оперативно на пронаоѓање на сторителот, се прават одредени контакти и со оштетената страна и со други лица кои можат да бидат од корист. И нас тие ни се тежина бидејки потребно е да ги решиме тие предмети. Не се работи за група туку само за инцидентни случаи. Не можеме да збориме за организирана група. Најчесто едно лице е извршител на ваквите дела што е и мала отежнителна околност во делот на расветлување на случаите“, рече Димовски.
Дел од украдените икони неодамна беа пронајдени во Албанија. Димовски вели дека имаат одлична соработка со албанската полиција во делот на размена на информации и заеднички патроли во однос на контрола на границата.
Мислам дека толку многу кражби на толку мал простор и тесни кругови е неразбирливо како се дозволува да се случува такво нешто. Ние секој ден слушаме дека има секакви кражби, но не слушаме дека некој е фатен и откриен.Миџаит Положани, универзитетски професор.
„Мислам дека ова е прашање кое треба да ги засегне најпрво органите на државата. Мислам дека толку многу кражби на толку мал простор и тесни кругови е неразбирливо како се дозволува да се случува такво нешто. Ние секој ден слушаме дека има секакви кражби, но не слушаме дека некој е фатен и откриен. Затоа мислам дека државата треба да ги оспособи повеќе сигурносните мерки бидејки ова веќе станува сериозна работа“, вели Положани.
Професорот Положани смета дека кражбите по верските објекти не се само проблем на Македонија туку дека се работи за меѓународен проблем и дека станува збор за поширока меѓународна мрежа.
Овие предмети се постојано на маса пред полициските службеници и тие имаат обврска да ги решаваат.Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.