„За ситуацијата во која се наоѓам голем удел има изјавата што ја дадов за емисијата КОД пред извесно време со која предизвикав револт и неколку пати бев предупредуван за тоа“, изјави денеска во судницата, првообвинетиот во судскиот случај Фаланга 2, Илчо Бојчевски.
Станува збор за изјава во која тој тврди дека е индикативно што безбедносните служби не можат да откријат крадци на икони кои на ист начин оперираат во Западна Македонија.
„Чудно и несфатливо е како нашите безбедносни служби не можат да дојдат до податок за 40 кражби на 500 икони во цркви во Западна Македонија, кражби кои се извршени на ист начин. Според мое мислење има две причини за тоа, или е не сакање да се пронајдат извршителите или е незнаење. Ако е првата причина, тогаш извршителите имаат линк со надлежните и намерно се заташкуваат податоците, а доколку е втората причина тогаш вработените во службите за безбедност нека напуштат работа и на нивно место да дојдат тие што си ја знаат работата“, изјави Бојчевски во судот.
Тој денеска во судот го негираше обвиненијата против него, велејќи дека Интерпол и УНЕСКО го знаат и консултираат како експерт за спречување на криминал со артефакти, а дома го судат како криминалец. Неговиот бранител, адвокатот Звонко Давидовиќ вели дека Бојчевски смета дека целиот процес е одмазда поради Фаланга 1 и дека дополнително улога во обвинението има и случајот со откривање на крадците на сликата на Пол Сезан за која Бојчевски имал информации со кои подоцна пензиониран припадник на Скотланд Јард го расчистил случајот.
„Прво обвинетиот смета дека тоа е една од причините како и случајот со Пинк Пантер групата односно за сликата на Пол Сезан“, рече Давидовиќ.
Во судскиот процес Фаланга 2 на обвинителна клупа се седнати вкупно 15 обвинети меѓу кои и до неодамна Директорот на Управата за културно наследство, Паско Кузман кој што е последно обвинет. Тие се обвинети за злосторничко здружување, присвојување на културно наследство, купување и препродажба на македонски артефакти надвор до границите на државата, диво ископување и прикривање на истите, како и за злоупотреба на службена должност. Во својата одбрана првообвинетиот Бојчевски изјави дека со помош на информациите на второобвинетиот Давид Шекуларац со прекар Циле била започната истрагата на Фаланга 1 и заедно со дотогашниот директор на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски била спроведена целата акција која заврши со осудителна пресуда за групата која вршела нелегална продажба и шверц на културно наследство.
„Прво обвинетиот смета дека ова е само продолжение и некаква освета за првиот случај Фаланга, од причина што МВР односно директорот на Јавна безбедност бил комплетно со се запознат, и дека обвинетиот Шекуларац е иницијатор на целата акција, МВР според исказот на првообвинетиот, дури ги плаќало неговите услуги во смисла сместувањето и престојот овде во Македонија додека се спроведувала Фаланга 1“, вели Давидовиќ.
Бојчевски, вели дека сè што правел било со амин на Бирото за јавна безбедност за разбивање на меѓународен канал на шверц со артефакти. Тој во одбраната истакна дека на второобвинетиот, наречен Циле, за неговата соработка со полицијата во Фаланга 1 му била ветена и награда за сработеното, но пари за тоа, не му биле исплатени. Давидовиќ изјави дека одбраната планира да ги повика како сведоци и припадници на ДБК кои беа спомнати во исказот на Бојчевски.
Во однос на последното обвинение во кое е вмешан и Паско Кузман, а се однесува на ископините на две локации кај Делчево и Велес, Бојчевски истакна дека е чудно како таква постапка која е нормална процедура што ја воделе во повеќе случаи претходно и за која уредно биле известени највисоките полициски служби по две години да биде прогласена за незаконска.
„Не знам како е можно, но чудно е што МВР издава фактура, ја наплаќа фактурата и после тврди истиот орган кој што ги примил парите и издал фактурата дека се разботи за незаконито дејство, очигледно нешто не е во ред.“
Второбвинетиот Давид Шекуларац-Циле не присуствуваше на рочиштето и поради тоа постапката околу обвинението за него е раздвоена. Тој според исказот на Бојчевски е проценител на артефакти кој со години соработувал со познати аукциски куќи и Интерпол.
Третообвинетиот во случајов на обвинителната клупа ги негираше обвиненијата тврдејќи дека не ги познава обвинетите освен првообвинетиот. Тој истакна дека честопати како златар кој што изработува стар накит им помагал на цариниците и на полицајците во проценка на запленет накит. Тој тврдеше дека пронајдената монета во неговиот дом за која во обвинението се тврди дека е од времето на Алексадар Велики, е копија односно погрешно проценета затоа што таа како сувенир може да се купи во музеј.
Одбрана дадоа само првите петмина обвинети, додека останатите правото на одбрана ќе го искористат во петок.
Чудно и несфатливо е како нашите безбедносни служби не можат да дојдат до податок за 40 кражби на 500 икони во цркви во Западна Македонија, кражби кои се извршени на ист начин. Според мое мислење има две причини за тоа, или е не сакање да се пронајдат извршителите или е незнаење. Ако е првата причина, тогаш извршителите имаат линк со надлежните и намерно се заташкуваат податоците, а доколку е втората причина тогаш вработените во службите за безбедност нека напуштат работа и на нивно место да дојдат тие што си ја знаат работата.Илчо Бојчевски, обвинет во случајот Фаланга 2.
Станува збор за изјава во која тој тврди дека е индикативно што безбедносните служби не можат да откријат крадци на икони кои на ист начин оперираат во Западна Македонија.
„Чудно и несфатливо е како нашите безбедносни служби не можат да дојдат до податок за 40 кражби на 500 икони во цркви во Западна Македонија, кражби кои се извршени на ист начин. Според мое мислење има две причини за тоа, или е не сакање да се пронајдат извршителите или е незнаење. Ако е првата причина, тогаш извршителите имаат линк со надлежните и намерно се заташкуваат податоците, а доколку е втората причина тогаш вработените во службите за безбедност нека напуштат работа и на нивно место да дојдат тие што си ја знаат работата“, изјави Бојчевски во судот.
Тој денеска во судот го негираше обвиненијата против него, велејќи дека Интерпол и УНЕСКО го знаат и консултираат како експерт за спречување на криминал со артефакти, а дома го судат како криминалец. Неговиот бранител, адвокатот Звонко Давидовиќ вели дека Бојчевски смета дека целиот процес е одмазда поради Фаланга 1 и дека дополнително улога во обвинението има и случајот со откривање на крадците на сликата на Пол Сезан за која Бојчевски имал информации со кои подоцна пензиониран припадник на Скотланд Јард го расчистил случајот.
Прво обвинетиот смета дека ова е само продолжение и некаква освета за првиот случај Фаланга, од причина што МВР односно директорот на Јавна безбедност бил комплетно со се запознат, и дека обвинетиот Шекуларац е иницијатор на целата акција, МВР ,според исказот на првообвинетиот, дури ги плаќало неговите услуги во смисла сместувањето и престојот овде во Македонија додека се спроведувала Фаланга 1.Звонко Давидовиќ, адвокат.