Господине Пендаровски, зошто во кампањата доминираат теми коишто претежно не спаѓаат во надлежности на претседателот, како што се демократија, економија, ете вие ја нагласувате и демографијата?
Моето чувство е дека класичните ингеренции на Претседателот или оние што се напишани во Уставот, во овој момент не се најбитните за државата, за целиот народ. Замислете ако јас цело време зборувам дека ќе бидам ваков или онаков командант на вооружени сили, во оваа ситуација, во ваква Македонија. Или да зборувам за унапредување генерали или за праќање амбасадори, тие девет члена од Уставот, тоа се тие стандардни, стриктни, директни надлежности на претседателот. Јас зборувам и за тоа, меѓутоа мислам дека најголемите проблеми, дури и закани ако сакате за стабилноста на државата, а особено за внатрешната кохезија на населението е токму во економско-социјалната сфера. Сега ќе ме прашате што јас тука би имал како Претседател. Јас можам да зборувам за тоа и да не ги оставам на мира оние што ќе бидат на власт, во владата да поминуваат преку тие теми како да се небитни. Затоа што иселувањето од Македонија е со алармантни пропорции, економијата е на гранки како што не била, ако воопшто има некакво вработување, тоа е вработување во државните структури, во државните институции, администрацијата, тоа не се продуктивни вработувања, нека ги има, ама треба да ги има и на други места. И вие можете до утре да зборувате за одбрана, за безбедност, за надворешна политика, но ако внатре немате добар продукт, вие и надвор не ќе имате што да продадете.
Но, дали реално може претседателот од позиција на својата функција да направи нешто во овие области?
Може, знаете поради што, се разбира ако сака. Во изминативе години гледавме дека тие што беа на такви позиции многу, многу не сакаа да зборуваат за тоа, дури и се вадеа дека тоа не им е надлежност или, пак, прават замена на тези и се фалат со успесите, тие што ги има и таму каде што ги има, на владата. Претседателот е друга гранка на извршната власт, не треба постојано да биде во конфликт со владата, ама веројатно од време на време треба да го каже и својот став. Клучната работа која јас мислам да ја правам е да оформам сопствен политички профил и во тие работи, а знаете што ќе ми помогне во тоа? На секого му помага. Оној што ќе го добие најширокиот можен народен или граѓански легитимитет, затоа што изборот е општо државен, не е октроиран од некого, не е биран во Парламентот, тој легитимитет добиен од мнозинството од сите оние што гласале вам ќе ви овозможи зборот повеќе да ви тежи. Се разбира ако знаете да формулирате убава платформа, добра теза или да објасните зошто оваа, а не таа стратегија е подобра за иднината на Македонија.
Знаете дека во Македонија сè уште се гласа за партија. Не е ли ризично што кампањата ја водите речиси самостојно?
Јас не сум без партија и јас не сум без коалиција зад себе, јас не сум независен кандидат. Јас не сум член на политичка партија, тоа е точно, но комплетната политичка, логистичка, организациона, како сакате поддршка ја добивам од 12 партии што се во опозицискиот блок предводен од СДСМ. Илузија и лага би било ако кажам дека одам сосема сам на терен без луѓе кои таму ме пречекуваат и ги организираат тие средби од каков било тип, меѓутоа мојата кандидатура е обид да внесам нешто ново во македонската политика. Со јасна политичка поддршка, со јасна позадина во опозицискиот блок, сакам да кажам дека може и поединец и индивидуа со име и со презиме, со свој бекграунд, со свој професионален и политички интегритет да понуди плус од тоа што е барем досега препознатлива опозициона стратегија. Не ми е хендикеп што одам сам на бина, затоа што знам дека зад мене има куп луѓе кои размислуваат слично како мене, меѓутоа јас сакам да ги кажам работите со име и со презиме, не сакам да копирам кој било друг, затоа што јас не сум продукт од ничиј партиски инкубатор.
Имате ли можеби идеја со ваквиот настап дека ќе привлечете дел од албанските гласови?
Јас не се обидувам да правам никакви политички аранжмани со ниту еден албански политички субјект, ниту сум го правел тоа, ниту имам намера сега да го правам во кампањата. Мојата намера е да се обратам до Албанецот, неспорно Албанец по етничка припадност, но граѓанин со име и со презиме. Тука може да бидат членови на ДУИ, членови на ДПА, членови на други политички партии, не членови на политички партии. Можеби некому изгледа и политички наивно таквото обраќање, меѓутоа јас не сакам да ја копирам лошата пракса од некои минати изборни циклуси да договарам таканаречен организиран транспорт или пренос на гласови, мене тоа не ми треба, јас им се обраќам на сите и им кажувам, во овој сегмент, во меѓуетничките односи, дека тоа е оска без која не може да преживее Македонија, тука мора многу, многу да внимаваме, дека Рамковниот договор не е документ како секој друг, туку е буквално платформа на која треба да градиме заеднички подобра Македонија и ако тоа им се допаѓа и на граѓаните Албанци, освен на другите граѓани, јас немам проблем. Секој глас дојден од албанската заедница кој ќе биде дојден на ваков начин, без организирано договарање, мешетарење, политички трговии итн., за мене ќе биде бескрајно драгоцен и притоа сакам посебно да нагласам – секој глас од Албанец, Турчин, Србин, Бошњак, Ром, Влав, кој било, ќе ми биде се разбира не повеќе битен од гласот на етничкиот Македонец, кој исто така го очекувам.
Имате ли барем некаква математика како би однеле победа на изборите со оглед на тоа што вашиот противкандидат од владејачката партија оди заедно со својата партија којашто сè уште има висок рејтинг според рејтинзите што ги гледаме?
Мојата проценка е дека кога одите со некој друг, врз вас се лепат и лошита работи од таа структура. Јас решив оваа политичка кампања да ја терам самиот напред со луѓето позади, меѓутоа јас се изложувам, јас се соголувам во политичка смисла пред целокупниот македонски народ, пред македонските граѓани. Јас кажувам кој сум, што сум, за што се залагам и за што ќе се залагам и не ми требаат ниту плусовите на тие што ме поддржуваат, ниту минусите. Јас им велам, јас сум тој со добри и лоши страни, проценете ме. На другата страна прават поинакви политички проценки, јас мислам дека моите проценки се покоректни.
Претседателот Иванов вели, нема да дозволам промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија. Зошто вие тоа не го третирате како став?
Со тој став де факто, тоа треба да се објасни пред македонските граѓани, тој се согласува во суштина со промена на името за меѓународна употреба. Значи, тој зборува за уставно име кое важи само внатре во Македонија и важи во билатералата со оние 130 и кусур земји кои нè признале, меѓутоа не важи во ОН, не важи при нашите кандидатури во која било друга организација, НАТО и ЕУ. Вели нема да дозволам промена на уставното име и јас апсолутно се согласувам, но Уставот на Република Македонија важи внатре во однос на името, за внатре и само во таа стриктна билатерала кон државите кои досега не признале под уставното име. Што правиме со ФИРОМ? Ние сме во сите меѓународни организации – поранешна југословенска Република Македонија. Значи, тој таму би се согласил да ја смениме референцата ФИРОМ? Неговиот став што го цитирате значи тоа, внатре да не се чепка, надвор може и да преговараме за тоа. Конечно, има и еден друг став кој го кажа многу пред кампањата господинот Иванов. На прашање каков е неговиот став, каква е неговата формула за решение за името, тој рече Македонија ерга омнес. Ќе простите, меѓутоа Македонија ерга омнес е сосема различно од овој прв став што го цитиравте и второ, Македонија ерга оменес се коси директно со хашката пресуда со која три години наназад Иванов и досегашната влада и премиер ни ја полнеа главата. Знаете зошто? Хашката пресуда вели, под ФИРОМ ќе влезете во НАТО и ќе преговарате со ЕУ, не Македонија ерга омнес, под ФИРОМ.
Вие велите државен консензус за надминување на спорот. Има ли решение кое за вас е прифатливо? До што треба да доведе тој консензус за којшто зборувате?
Јас не можам да лицитирам со имиња, бидејќи не знам што досега е договорено во претходните рунди на преговори. Јас заговарам прво да направиме ние меѓу нас во Македонија, сите битни, релевантни политички субјекти, со најширок можен политички консензус, став на Република Македонија, па потоа да одиме кај Нимиц и да кажеме ова е македонската црвена линија. Грците тоа го имаат. За ништо друго не можат да се договорат во таа земја, ниту за овие транши финансиска помош без кои не би преживеале, но за ова имаат гранитна црвена линија која трае 20 години. Ние немаме и ние сме поради тоа во хендикепирана позиција од старт. Ние одиме таму со став кој јас не можам да го опишам ни како владин консензус, бидејќи ДУИ зборува една работа, ВМРО-ДПМНЕ досега зборуваше сосема друга работа. Не знам со каков став воопшто се оди таму, наспроти една јасна препознатлива, радикално лоша за нас, но препознатлива и дефинирана грчка црвена линија. Јас пледирам за македонска црвена линија, ние за тоа зборуваме, ама никој досега не ги повикал ни од опозицијата, ниту етничките лидери, да направиме таков консензус. Зошто го зборувам ова, зошто ни е нужен државен став? Двете големи македонски партии се согласија дека мора да има, на крајот на процесот, не на почеток, на крајот на процесот, референдум за некое име кое нам ни се чини, на сите, дека може да го ставиме на референдум. Околу 900 илјади луѓе се нужни да гласаат, првиот праг, на таков референдум, 50 отсто плус еден од сите запишани во списокот, половина од тоа да кажат да за не знам кој предлог. 900 илјади гласачи излезност не може да направи ниедна партија, ниту сите македонски партии заедно, ниту само албанските партии заедно. Нужно мораме да се здружиме на ова прашање, не само поради таа процедурална работа, туку зборувам за суштинска, за материјална, за клучна, витална политичка претпоставка, бидејќи ова не е обичен дневен проблем во политиката, ова не е комунална работа, дали ќе пуштиме пат или ќе отвориме школо во не знам кое населено место. Ова е прашање кое е премногу сериозно. Јас многу пати сум го кажал тоа, ова е најтешкото прашање од независноста на Македонија и кој мисли дека има решение за 2,3, 5 дена или еден месец и дека може сам или со некоја група околу себе да го реши, се лаже, но ги лаже и македонските граѓани.
Имате црвени линии?
Апсолутно, но не сакам јас да ги наметнувам црвените линии. Предлагам релевантните политички субјекти кои ќе добијат легитимитет на овие избори, или кои и досега имаа само тоа не го правеа, да седнат и да се договорат, заеднички да се договорат. Дури и ако не се договорат, предлагам, тоа е вториот дел од мојот став за името, предлагам сите заеднички да излеземе на заедничка прес-конференција и да кажеме - по оваа цена која ни ја испорачува другата страна, која често пати знае да биде прилично радикална, ние немаме намера во овој временски период додека тие ставови не се променат да го решаваме тоа прашање. Зошто заеднички? Затоа што ќе им кажеме – еве ја алтернативата на тоа да не го решаваме прашањето. Значи, не еден човек да каже ќе го решавам, затоа што нема мандат за тоа и не еден човек да каже – јас прекинувам преговори или еден човек да каже јас ќе одам пред Меѓународниот суд на правдата. Ние мораме да се научиме за две-три стратешки прашања заеднички да одлучуваме. Па и кога ќе биде негативна одлуката, значи решаваме да не го решаваме прашањето, повторно заеднички ќе излеземе, ќе кажеме ова прашање не треба да биде предмет на ниедна кампања, ова е натпартиско, ова е сеопшто прашање од значење за државата.
Какви се вашите очекувања од претстојниот Самит на НАТО со оглед на тоа што веќе имаше анализи во контекст на украинската криза дека ќе можеме да профитираме итн?
Тоа се политички аматери кои ги прават тие анализи, за жал гледам и низ регионот, не само во Македонија, такви политички наивци, во смисла – украинската криза ќе го забрза процесот на проширување на НАТО, нема да го забрза воопшто, затоа што тие големи, крупни меѓународни организации имаат своја логика на однесување и начин на примање. Таа процедура е исклучително тврда, таму воопшто нема флексибилност, таму нема консензус минус еден, или сите ќе се согласат или нема да примаат нови членки. Моја проценка е дека, освен Црна Гора која реално во воено-безбедносна смисла е практично небитна за НАТО алијансата, дека сите други кои можеби се надеваат дека ќе профитираат поради украинската криза, и самата Украина, и Грузија итн., тоа нема да го направат, а во однос на Македонија, ние немаме никаква конекција, никаква, со украинската криза. За жал кај нас главниот формален проблем за влез во НАТО е познат, тоа е прашањето за името и за тоа пледирам, ако имаме намера воопшто сè уште, после сите овие години слушање разни пропаганди дека НАТО е непотребно, дека западот се распаѓа, дека Европа и Америка се пред колапс, да заклучиме уште еднаш со внатрешен државен консензус, повторно да излеземе со став, треба ли да одиме и понатаму како Македонија, како држава кон тие западни организации, има ли алтернатива, ама заеднички да го утврдиме тоа. Според мене, нема алтернатива, меѓутоа сакам заеднички, со другите релевантни политички субјекти, тоа да го утврдам. Значи, Македонија, ако не го надмине проблемот кој го знаеме сите, нема што воопшто да го чека следниот самит на НАТО.
Како гледате на повикот на ДУИ до гласачите да не излезат на гласање.
Ставот на ДУИ е сосема легитимен политички став на една легитимна политичка партија во Република Македонија. Претпоставувам дека направиме нивни анализи, заклучиле дека за нивното членство и симпатизери и идни гласачи, тоа е најдобро. Јас во тоа воопшто немам намера да се мешам, ниту, пак, да ги разубедувам дека е тоа лошо. По мое убедување, бојкотот во принцип во една демократија не е добар, меѓутоа ако така решиле, нека си останат на тој став. Јас немам намера воопшто да разубедувам која било партиска структура дека треба да имаат кандидат или треба да немаат кандидат.