Граѓаните кои ги следат митинзите на кандидатите за претседател забележуваат разлика во однос на нивните обраќања и начинот како ја водат кампањата. Кај претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Иванов јасно е дека се потпира и на колективните успеси заедно со власта, коментираат дел од луѓето, додека други сметаат дека со тоа што кандидатот на СДСМ Пендаровски настапува сам во кампањата промовира институцијата Претседател што ќе биде независна од премиерот и владата.
„Мислам дека кампањата на Пендаровски е поуспешна, споредено што е сам, а зад актуелниот претседател стои цела гарда. Во принцип втората опција е повеќе наметнато мислење, за разлика од Пендаровски.“
„Мислам дека Ѓорѓе Иванов имам поуспешна кампања, затоа што има поддршка и од партијата и од луѓето.“
Во кампањата може да се забележи дека најважните зборови на Иванов се градење автопатишта и фабрики, меѓутоа некои граѓани сметаат дека политиката не се мери по убави зборови. Луѓето исто така имаат различни ставови во врска со изјавата на Заев дека СДСМ на овие претседателски избори излезе со натпартиски кандидат на кој не му треба ментор.
„Ама се е „ќе“, ќе градиме патишта, ќе градиме фабрики, тоа е идно време, а сега се појави и Пендаровски и не знам да ви кажам, работата ќе биде тешка, ќе биде борба да знаете, ќе одлучат тие неопределените.“
„Поуспешна е кампањата на тој што повеќе се рекламира, а повеќе се рекламира кампањата на Иванов.“
Аналитичарот Исмет Рамадани смета дека кампањите на двајцата претседателски кандидати се сосем различни. Пендаровски се обидува да се наметне како обединувачки фактор. Иванов ја води кампањата потпирајќи се на успесите на власта, коментира Рамадани.
„Од страна на Иванов функцијата претседател уште во текот на кампањата се става под сенка и како минат мандат и како нареден мандат. Од друга страна господинот Пендаровски е сам, што на еден начин промовира институција Претседател која и така треба да биде, без разлика што е дел од извршната власт, тој е претседател на сите граѓани.“
Рамадани се осврна и на начинот како Пендаровски ја води кампањата пред албанското гласачко тело. Тој не ја исклучува веројатноста гласовите на албанското гласачко тело да имаат силно влијание врз резултатот независно од најавите за бојкот на претседателските избори од некои партии.
Мислам дека кампањата на Пендаровски е поуспешна, споредено што е сам, а зад актуелниот претседател стои цела гарда.Анкетиран граѓанин.
„Мислам дека кампањата на Пендаровски е поуспешна, споредено што е сам, а зад актуелниот претседател стои цела гарда. Во принцип втората опција е повеќе наметнато мислење, за разлика од Пендаровски.“
„Мислам дека Ѓорѓе Иванов имам поуспешна кампања, затоа што има поддршка и од партијата и од луѓето.“
Во кампањата може да се забележи дека најважните зборови на Иванов се градење автопатишта и фабрики, меѓутоа некои граѓани сметаат дека политиката не се мери по убави зборови. Луѓето исто така имаат различни ставови во врска со изјавата на Заев дека СДСМ на овие претседателски избори излезе со натпартиски кандидат на кој не му треба ментор.
Поуспешна е кампањата на тој што повеќе се рекламира, а повеќе се рекламира кампањата на Иванов.Анкетиран граѓанин.