Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во посета на локацијата каде се гради патниот правец до Иванковци во Велес. Министерот за образование и наука Спиро Ристовски на гости во средното општинско стручно училиште „Илинден“. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска отвора меѓународна изложба. Министерот за земјоделство Љупчо Димовски во посета на производствениот капацитет на Жито Лукс. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дели едикуативен материјал за безбедност на пешаците.
Ова се само дел од секојдневните активности на министрите додека трае изборната кампања. Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека таквото нивно покажување во јавност и агитирање за себе и за нивните партии е застапено на сите избори.
„Ако не им е место во кампања за локални избори, тие и таму ќе се појават, ако не им е место во кампања за претседателски избори, тие и таму ќе се појават со цел да докажат дека не само што се омни презент, туку дека и се најспособни и дека политичката сцена во Македонија е целосно зависна од нив. Тие го прават корот на политичката сцена и сакаат да покажат дека едноставно таа сцена нема да функционира без нив, сакаат да му се каже на народот, да му се стави до знаење, дека нема иднина без нив.“
Професор Осман Кадриу вели владата мора да фунционира иако е во оставка, бидејќи сме во изборна кампања и министрите мора да ја вршат својата работа, но нивните овластувања се редуцирани. Според него, согласно законот министрите треба да бидат повоздржани и помалку да се ангажираат во јавноста.
„Врвните функционери, посебно министрите во Владата, кон овие активности треба да бидат доста резервирани, доста оградени. Нивното искористување во кампањата е за да може да се добијат повеќе гласови и повеќе политички поени од гласачите.“
Според Кадриу владините функционери поинаку се третираат во јавноста и се доведува во прашање рамноправноста во натпреварот за освојување на гласовите на изборите.
„Од проста причина што на таков начин ги доведуваме во нерамноправна положба другите кандидати, било да се кандидатите предложени за претседател на државата или кандидати кое се наоѓаат на листите за пратеници. А таа нерамноправна положба претставува директна повреда на важните суверени принципи на изборниот систем, а еден од нив е рамноправност на изборите“, вели Кадриу.
Имињата на повеќето од министрите се наоѓаат и на кандидатските листи за пратеници.
Тие го прават корот на политичката сцена и сакаат да покажат дека едноставно таа сцена нема да функционира без нив, сакаат да му се каже на народот, да му се стави до знаење, дека нема иднина без нив.Соња Стојадиновиќ, политички аналитичар.
Ова се само дел од секојдневните активности на министрите додека трае изборната кампања. Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека таквото нивно покажување во јавност и агитирање за себе и за нивните партии е застапено на сите избори.
„Ако не им е место во кампања за локални избори, тие и таму ќе се појават, ако не им е место во кампања за претседателски избори, тие и таму ќе се појават со цел да докажат дека не само што се омни презент, туку дека и се најспособни и дека политичката сцена во Македонија е целосно зависна од нив. Тие го прават корот на политичката сцена и сакаат да покажат дека едноставно таа сцена нема да функционира без нив, сакаат да му се каже на народот, да му се стави до знаење, дека нема иднина без нив.“
Врвните функционери, посебно министрите во Владата, кон овие активности треба да бидат доста резервирани, доста оградени. Нивното искористување во кампањата е за да може да се добијат повеќе гласови.Осман Кадриу, универзитетски рпофесор.