Државната изборна комисија со ждрепка го одреди редоследот на кандидатите за пратеници на гласачкото ливче за предвремените парламентарни избори. Под редниот број еден ќе се најдат кандидатите на СДСМ и коалицијата, а под два на ДПА. На трето место ќе бидат кандидатите на партијата Достоинство, а на четврто ДУИ. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се најде на петтата позиција. Потоа следуваат НДП, коалицијата ГРОМ, Коалицијата за позитивна Македонија, ВМРО-Народна партија, како и Социјалдемократската партија, Партијата за економски промени 21 и ПДП и ПЕИ.
Граѓаните со поделени мислења околу тоа дали на гласачите им е важен редниот број на кандидатите.
„Мислам дека не игра некоја голема улога, секој си е веќе определен, па не му значи бројот под кој ќе биде кандидатот.“
„Има, затоа што не е исто за луѓето, кога некој е под број 1 ти дава сугестија да гласаш за тој. Јас знам за кого ќе гласам.“
„А бе има, мора да има некоја улога“, велат анкетираните граѓани.
Социологот Илија Ацески вели дека позицијата на кандидатите на гласачите листови воопшто не игра улога во изборот на граѓаните. Според него, тоа особено е изразено во помалите места, каде граѓаните ги познаваат кандидатите или барем знаат кои се и со што се бават.
„Инаку, по дефиниција ова се партиски листи. Тоа значи дека луѓето гласаат за партијата. Во таа персонална смисла дали некој како поединец вреди повеќе или помалку мислам дека има многу малку значење. Иако во Македонија не се правени истражувања, но има некои индиции, некои показатели дека тоа не игра скоро никаква улога. Не се бираат поединци, се бираат партиски листи“, вели тој.
Ацески додава дека ист е случајот и со неопределените, односно дека гласаат за личност која што ја знаат и редниот број на кандидатот не им е важен.
„Ако човекот е партиски неопределен, тој веројатно ќе бара во тие списоци некој човек што го познава и во тој контекст тој сака да гласа за личност, за човек, поединец којшто знае дека вреди. Мислам дека тие луѓе се во една најнезавидна ситуација во тој контекст, за кого да гласаат ако не препознаваат некои од тие луѓе коишто се убедени дека вредат да влезат во парламентот“, вели Ацески.
Листи до ДИК поднесоа 5 коалиции и 9 партии. В сабота на 5 април започнува кампањата за изборите.
Мислам дека не игра некоја голема улога, секој си е веќе определен, па не му значи бројот под кој ќе биде кандидатот.Анкетиран граѓанин.
Граѓаните со поделени мислења околу тоа дали на гласачите им е важен редниот број на кандидатите.
„Мислам дека не игра некоја голема улога, секој си е веќе определен, па не му значи бројот под кој ќе биде кандидатот.“
„Има, затоа што не е исто за луѓето, кога некој е под број 1 ти дава сугестија да гласаш за тој. Јас знам за кого ќе гласам.“
„А бе има, мора да има некоја улога“, велат анкетираните граѓани.
Иако во Македонија не се правени истражувања, но има некои индиции, некои показатели дека тоа не игра скоро никаква улога.Илија Ацески, социолог.