Не бидете затекнати од убавината на играта на сцената, туку играјте и само играјте, не престанувајте, како и во животот, не барајте станица каде да застанете, туку барајте од каде повторно да тргнете. Каде и да сме, во овој современ свет, никој не може да се скрие во Театарот, зашто таму си го даваме сопственото право да бидеме најгласни со вистината, најточни со визијата.
Ова, меѓу другото, ќе го запише во својата, македонската порака за 27 март, Светскиот ден на театарот, артистката и режисерка Звезда Ангеловска.
А, во Драмски театар Скопје, во чест на овој ден, од пладне и длабоко во ноќта ќе се игра. Ќе се случува театар, ќе се случува дружба и сосема органски ќе се живее за уметноста. За, оваа пригода, публиката (или барем среќниците кои навреме се обезбедија со бесплатни билети) ќе имаат можност да проследат три неслучајно одбрани претстави од тековниот репертоар - „Последните Македонци“, „Чија си“ и „Огнени јазици“.
„Театарот е содржаен и суштински во сите свои жанрови. Од тука, ќе видите, „Последните Македонци“ е еден сосема поинаков пристап кон театарот, кон оној што ние постојано го правиме. „Чија си“ е еден театар на една генерација која што сè уште е присутна, меѓутоа која што има оставено длабоки белези во работењето на Драмски театар и „Огнени јазици“, претстава со некои луѓе коишто почнуваат да врежуваат некакви свои потписи во театарот. Значи, се обидувавме и концепциски да ја покажеме моќта на Драмскиот театар“, ќе рече Роберт Велјановски, директор на театарот.
Наспроти ваквата селекција, од особено значење се и другите содржини кои треба да го анимираат вниманието на присутната публика и да го збогатат мултимедијалниот дел на ваквото одбележување на Светскиот ден на театарот. Имено, гости на случувањето ќе бидат децата од СОС Детско село чии цртежи на зададената тема веќе недела дена се изложени во фоајето, паралелно со нивните трудови ќе можат да се погледнат и сликите од поставката на уметникот Урош Вељковиќ, некои од актерите ќе ги демонстрираат и своите диџејски способности, а во паузата помеѓу втората и третата претстава, со почеток од 20 часот, ќе настапат џез пејачот Џон Илија Апелгрин и гитаристот Петар Ренџов.
„Нашата идеја, не само за Светскиот ден на театарот, 27 март, туку генералната визија за Драмски театар и театарот во целост е да престанеме театарот да го гледаме како кино, доаѓаш на претстава, ја одгледуваш и потем ви гаснеме светло за да веднаш си одите, туку тој полека да стане место за социјално, културно дружење и разменување на идеи“, потенцира Рубенс Муратовски, актер и Уметнички директор на Драмски театар.
Затоа, како што вели, нивната заложба е да се истакне моќта на театарот како комплексна уметност која може да ги обедини другите уметности и ветува дека тие во иднина се почесто ќе практикуваат вакви средби со публиката.
Кон ова само уште информациите дека останати се уште мал број бесплатни билети за претставите што ќе бидат на 27 март – Светскиот ден на театарот, дека и натаму, до 11 април, додека трае Месецот на театарот, картите за претставите од редовниот репертоар ќе се продаваат по цена од 150 денари, а на сила е и недоволно искористената поволност „претстава за 49 денари“ која со чекирање на социјалните мрежи преку мобилен телефон на 14 купувачи им овозможува по таа цена да се најдат на омилената пиеса.
Конечно, и во оваа наша театарска куќа, како и впрочем во сите други храмови на театарската уметност во земјава, 27 март - Светскиот ден на театарот ќе биде одбележан со читање на македонската и светската порака. Годинава нив ги напишаа нашата Звезда Ангеловска и режисерот Брет Бејли, а во Драмски тие ќе бидат снимени и ќе се емитуваат на секој час во фоајето од театарот.
Театарот е содржаен и суштински во сите свои жанрови.Роберт Велјановски, директор на Драмски театар Скопје.
А, во Драмски театар Скопје, во чест на овој ден, од пладне и длабоко во ноќта ќе се игра. Ќе се случува театар, ќе се случува дружба и сосема органски ќе се живее за уметноста. За, оваа пригода, публиката (или барем среќниците кои навреме се обезбедија со бесплатни билети) ќе имаат можност да проследат три неслучајно одбрани претстави од тековниот репертоар - „Последните Македонци“, „Чија си“ и „Огнени јазици“.
Нашата идеја, не само за Светскиот ден на театарот, 27 март, туку генералната визија за Драмски театар и театарот во целост е да престанеме театарот да го гледаме како кино.Рубенс Муратовски, актер и Уметнички директор на Драмски театар.