Достапни линкови

Снег за крај на скијачката сезона


Крајот на скијачката сезона побогат со снег за разлика од почетокот, на задоволство на оние кои сакаат да скијаат.

Додека почетокот на зимата не ветуваше многу поради малку снег, сега на крајот на скијачката сезона на Попова Шапка сосема поинаква слика. Високата снежна покривка по обилните врнежи и сончевото време се карактеристика овие денови на скијачкиот центар. Таквата состојба најмногу ги израдува скијачите. Добро е што сега на крајот од зимата се создаде убава прилика за скијање. Кога природата дава можност за скијање на Попова Шапка, тогаш тоа значи одличен помин на овој зимски центар, велат скијачите кои ги анкетиравме.
Како една од најубавите планини во Македонија и како еден добар ски центар што ви дава на располагање се и во балканските рамки па и во Европа.
Анкетиран граѓанин.

„Шапка знаеме оваа сезона покрај целата криза со снег, успеа да биде единствена без снежни топови со снег, успеа да се задржи, има супер скијање. Ски лифтовите работат, како и да е.“

„Како може да се чувствуваш на вакво време, кога е сонце, идеално. Со два збора многу убаво. Како една од најубавите планини во Македонија и како еден добар ски центар што ви дава на располагање се и во
Петре Димитриевски, менаџер на скијачкиот центар Попова Шапка.
Петре Димитриевски, менаџер на скијачкиот центар Попова Шапка.
балканските рамки па и во Европа. Овде само треба малу повеќе да се инвестира.“

„Многу убаво време, сонце, како што гледате со маица се скијам. За скијање многу убаво време и уживаме“, велат скијачите.
Ние како скијачки центар сме задоволни, не е како претходните години, но поради сезоната, поради времето.
Петре Димитриевски, менаџер на скијачкиот центар Попова Шапка.

Обилниот снег, убавото време и пред сè големата посетеност, се причина за задоволство и на раководството на скијачкиот центар. Според менаџерот, Петре Димитриевски, зголемувањето на ноќевањата ќе ја стабилизира финансиската состојба поради вложеното во реконструкција на инфраструктурата.

„Ние како скијачки центар сме задоволни, не е како претходните години, но поради сезоната, поради времето. Иако немаше доволно снег, сите ски лифтови и жичарите работеа, многу сме задоволни затоа што последните три години многу вложивме во реновирање, менување на сајли на ски лифтовите и жичарите“, вели Димитриевски.

Снегот во овој период на Попова Шапка овозможи за кратко време да се одржат неколку манифестации посветени на скијањето. Одржана беше зимската универзијада, сноуборд натпревар, промотивен ден за скијачките спортови, како и републичко првенство за деца во алпски дисциплини.
XS
SM
MD
LG