Достапни линкови

Ваши коментари - што посиромашни, тоа по исплашени!


Macedonia -- A man wearing a tee-shirt with the European Union logo collects plastic bottles from trash-containers in the centre of Skopje, 24Jun2013
Macedonia -- A man wearing a tee-shirt with the European Union logo collects plastic bottles from trash-containers in the centre of Skopje, 24Jun2013

Анкетата за тоа дали може да се живее со минимална плата од 8.050 денари предизвикала голем интерес кај нашите читатели.

Поради мноштвото теми што ги обработија новинарите на Радио Слободна Европа на македонски јазик и многубројните ваши коментари по нив, малку ги запоставивме нашиот Хајд Парк и младинските он-лајн колумни.
Да даде Господ да дојдеш на исто дереџе како оние што земаат 8.000, па после викај го Латас нека те снима како кажуваш за шунд новинарство!
Коментар од читател.

Дали се преживува со минималец од 8.050 денари, сите вие што сте испратиле коментар како одговор на прашањето здушно оценувате: „Не!“ Југ коментира дека ова што се случува е трагично и дека кај е да е сме сè поблиску до дното, а сиромашниот народ е преплашен за да го крене гласот. Ни останува само вербата дека еден ден ќе ги стигне божјата казна оние што нè доведоа на работ на преживување, предвидува Југ. МКД смета дека статијата, иако превидел дека станува збор за прашање во анкета, е популистичка и школски пример за шунд новинарство и пропаганда, а некој потпишан со назнака: „за МКД“ му одговара: „Да даде Господ да дојдеш на исто дереџе како оние што земаат 8.000, па после викај го Латас нека те снима како кажуваш за шунд новинарство!“

Согласно владините предлози, минималната плата во Македонија треба да изнесува 8.050 денари месечно. Дали се преживува со ваков приход? Погледнете го видеото и коментирајте овде.
Хајд Парк: Дали се живее со 8.000 денари месечно?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00
Владимир Нелоски, првиот вмровски младинец напиша текст за нашата младинска он-лајн колумна полн со жолчни критики кон опозициската СДСМ и фалби за својата матична партија. Анонимен добил впечаток дека авторот ги третира граѓаните како дебили на кои ништо не им е јасно, па го прашува дали некаде во светот опозицијата ја фали владата, во врска со забелешката на Нелоски дека опозицијата до бесвест ја критикувала владата? Потпишан со АААА од град УСА, ги советува сите млади од Македонија да фатат пат под нозе што подалеку, а Пиле коментира дека „младото момче“, како што вели, е изманипулирано и му препорачува да го остави комунизмот, а да ги гледа актуелните проблеми на младите во земјава.

И претседателот на Социјалдемократската младина, Стефан Богоев, напиша колумна за нашата рубрика, со наслов: „Светот на младите останува (ако преживеат)“, за која Маргарита пишува дека ѝ се допаднало тоа што не е гола критика, туку нудел и решенија; Милош од Велес напишал: „Конечно младите да тргнат храбро против овој режим... редно беше!“ Марија гледа зрелост кај Богоев и го поздравува од Делчево, од каде што, вели, младите избегаа. Васка од Берово пишува дека оваа власт иселила цели градови од источниот дел на Македонија. Но, за Стојан од Ранковце, текстот бил плиток и дури повеќе се срамел од коментаторите и ги напаѓа, нив и опозицијата, зашто се плашеле од избори.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG