Достапни линкови

Не се живее со 8 илјади денари


Анкетираните во рубриката Хајд Парк на нашата интернет страница велат дека со минималната плата едвај може да се покријат режиските трошоци како струја и вода.

Не се живее со 8.000 денари месечно, велат граѓаните по предлогот од власта за утврдување на минималната плата на овој износ. Анкетираните во рубриката Хајд Парк на нашата интернет страница велат дека со тие пари месечно едвај може да се покријат режиските трошоци како струја и вода.
Не може да се живее со толку пари, со 8 илјади денари не можеш да си ги подмириш само тековните трошоци за комуналии.
Анкетиран граѓанин.

„Не може да се живее со толку пари, со 8 илјади денари не можеш да си ги подмириш само тековните трошоци за комуналии.“

„Не може, како, таман работа, сметки, струја, лекови, нема шанси.“

„Пет души не работат, една пензија имам 9.400 денари“, се жалат анкетираните граѓани.

Колку пари се потребни за пристоен живот? Околу 500 евра, велат анкетираните.

„Само за прехранување, доручек, ручек, вечера, најмалку 500 евра.“

„Јас мислам 30 илјади денари, за да се живее на границата на пристојноста“, велат анкетираните.

Согласно владините предлози, минималната плата во Македонија изнесува 8.050 денари месечно. Дали се преживува со ваков приход? Погледнете го видеото и коментирајте овде.
Хајд Парк: Дали се живее со 8.000 денари месечно?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00
Агенцијата „Анадолија“, од друга страна, утврдила дека жителите на Македонија имаат најниски примања во регионот. Ако сме најслаби во регионот, а потрошувачката кошничка е околу 500 евра месечно, од каде излезе дека 8.050 денари месечно се соодветен минимум?
Минималната плата што фактички е утврдена не е 8 илјади, таа е четири илјади денари. Спрема тоа, ова е историска катастрофална грешка, и на владата и на ССМ, зашто прифатиле ваква минимална плата.
Драге Јовановски, поранешен синдикалец.

Правникот и поранешен синдикалец Драге Јованоски забележува дека ако од владината пресметка се одбијат трошоците на работникот за храна и превоз, минималната плата реално е многу пониска.

„Минималната плата што фактички е утврдена не е 8 илјади, таа е четири илјади денари. Спрема тоа, ова е историска катастрофална грешка, и на владата и на ССМ, зашто прифатиле ваква минимална плата“, вели тој.

Трошоците за храна и превоз порано се пресметуваа како одделни надоместоци и тоа сè уште е случај во други земји каде работниците добиваат бонови за храна и надомест за превоз до и од работа. Во Македонија овие трошоци се претворија во дел од бруто платата, вкупниот износ на пари наменет за работникот пред да се одбијат надоместоци за државата во форма на Пензиско и инвалидско осигурување, здравство и тн. Реално, многумина работници останаа со помали нето плати, забележува Јованоски.

„Малтене на сите вработени во Македонија им се скратени платите, под плаштот дека тоа ќе им влезело во пензиското осигурување, кое право ќе го остварат после 20 или 30 години, така што не се водеше сметка за овој надоместок којшто е клучен за работниците“, вели Јовановски.

Инаку, според проценките на „Анадолија“, во поглед на просечни месечни примања, пред нас се жителите на Хрватска со највисоки примања на Балканот, па потоа Црна Гора и Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG