По средбата Груевски - Расмусен во Брисел, уште еднаш е повторено дека од Македонија се бара решение на спорот за името за да стане членка на НАТО. Но, дадено е до знаење дека Македонија на својот пат кон НАТО освен прашањето за името мора да води сметка за политичкиот дијалог, реформите и слободата на медиумите. Во овој период истите работи ни се споменуваат и од ЕУ.
Професор Нано Ружин коментира дека дошло до повторувања на барањата бидејќи, како што вели, ЕУ и НАТО се синхронизирани за приципите за проширувањето и нагласува дека во овој период Македонија освен прашањето за името треба да исполни и одредени политички, па и социјални и економски стандарди.
„Затоа дури и постои еден вид редовни средби на амбасадорите на НАТО и ЕУ. Тие се однесуваат практично во синергија. Ова е голем чекор назад за Република Македонија и опомена на актуелната Влада дека мора да направи нешто во доменот на политичките слободи. Но исто така и вчерашниот извештај на Репортери без граници е уште една опомена. И сето тоа влегува во разните извештаи на ЕУ и на НАТО“, вели Ружин.
Аналитичарот Алберт Муслиу со коментар дека како што одминува времето се менува нашиот акционен план за членство во НАТО, а тоа значи дека во овој период Македонија освен прашањето за името треба да ги поправи стандардите на функционирање на државата во делот на слобода на информирање, независност на судството и политичкиот дијалог власт и опозиција.
„Секое уназадување на теми како што е политичкиот дијалог, слободата на изразување, гледаме дека и извештаите на Репортери без граници не спуштија околу 18 места, отвора нови можности да се сопнуваме во целиот тој процес на интегрирање како во ЕУ така и во НАТО. Така што принципот на земање „здраво за готово“ на поканата за прием во НАТО не треба да се зема така, затоа што сите назадни процеси што се случуваат кај нас може дополнително да ни го компликуваат и членството во НАТО“, вели Муслиу.
По средбата во Брисел Расмусен уште еднаш потсети на одлуката на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година. Тој рече дека поканата за во НАТО важи, но дека прво треба да се најде решение за името.
Ружин вели дека името е еден од централните проблеми согласно одлуката на Букурешткиот самит дека сите земји од НАТО стојат зад таа одлука, а не само Атина. Секоја одлука во НАТО се носи со консензус и бара сите членки да гласаат „за” кога станува збор за проширувањето, рече Ружин.
Груевски во Брисел ја повторил определбата на Македонија да стане полноправна членка на НАТО и го истакнал и ставот дека членството на Македонија во НАТО е заслужено и базирано врз аргументи.
Ова е голем чекор назад за Република Македонија и опомена на актуелната Влада дека мора да направи нешто во доменот на политичките слободи.Нано Ружин, универзитетски професор.
Професор Нано Ружин коментира дека дошло до повторувања на барањата бидејќи, како што вели, ЕУ и НАТО се синхронизирани за приципите за проширувањето и нагласува дека во овој период Македонија освен прашањето за името треба да исполни и одредени политички, па и социјални и економски стандарди.
„Затоа дури и постои еден вид редовни средби на амбасадорите на НАТО и ЕУ. Тие се однесуваат практично во синергија. Ова е голем чекор назад за Република Македонија и опомена на актуелната Влада дека мора да направи нешто во доменот на политичките слободи. Но исто така и вчерашниот извештај на Репортери без граници е уште една опомена. И сето тоа влегува во разните извештаи на ЕУ и на НАТО“, вели Ружин.
Принципот на земање „здраво за готово“ на поканата за прием во НАТО не треба да се зема така, затоа што сите назадни процеси што се случуваат кај нас може дополнително да ни го компликуваат и членството во НАТО.Алберт Муслиу, политички аналитичар.