Достапни линкови

Поголема флексибилност од двете страни за компромис за името


Ји: Сакаме да помогнеме во евроинтеграциите
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:08 0:00

Ји: Заинтересирани сме да помогнеме во евроинтеграциите

За компромис потребно е двете страни да покажат дополнителна флексибилност. Потребен е простор за компромис, рече заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји.

Заинтересирани сме да ѝ помогнеме на Македонија во напорите за достигнување на целта за евроинтеграција, изјави заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји. Тој додаде дека на средбите со претставници од државниот врв и опозицијата се разговарало за надминување на преостанатите пречки кон постигнувањето на овие цели, вклучувајќи го и спорот за името.
За компромис потребно е двете страни да покажат дополнителна флексибилност. Потребен е простор за компромис. Сега е важно сите страни да работат заедно со цел да се утврдат комбинациите и мерките со кои ќе се донесе прифатливо решение за двете страни.
Хојт Брајан Ји, заменик-помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања.

„Како што знаете, станува збор за долгорочен проблем, долгорочен предизвик. Имаше многу напори и бројни предлози. Тешко е да се издвои еден единствен проблем, нити, пак, може да се посочи страна која е поодговорна од другата. За компромис потребно е двете страни да покажат дополнителна флексибилност. Потребен е простор за компромис. Сега е важно сите страни да работат заедно со цел да се утврдат комбинациите и мерките со кои ќе се донесе прифатливо решение за двете страни“, рече Ји.

Сакаме да гледаме кон иднината, а не да се враќаме наназад, сакаме да гледаме кон тоа што ќе се случува во претстојната година, додаде заменик-помошникот државен секретар. Запрашан каква е моменталната состојба, Ји одговара:
Кога станува збор за избори, тоа е прашање кое зависи од одлуката на вашата влада, граѓаните и избраните лидери, а не од Соединетите Американски Држави.
Хојт Брајан Ји, заменик-помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања.

„Во текот на моите средби овде слушнав потврди за посветеноста да се работи понатаму за постигнување на целта на Македонија за евроатлантска интеграција. Мислам дека и во Европската унија постои интерес за продолжување на постигнатиот напредок во изминативе години во поглед на интеграциите. Сметам дека постојат позитивни напори од Европската унија и Европската комисија за остварување на што е можно повеќе во текот на годинава“, рече тој.

Прашањето дали ќе се распишат предвремени парламентарни избори зависи од владата, рече Ји.

„Кога станува збор за избори, тоа е прашање кое зависи од одлуката на вашата влада, граѓаните и избраните лидери, а не од Соединетите Американски Држави. Во врска со изборите, можам да кажам дека Соединетите Американски Држави се надеваат дека владината одлука ќе придонесе кон целта на Македонија за интеграција, кон напредокот на земјата во напорите да се приклучи кон Европската унија и НАТО. Секако изборите треба да бидат слободни и фер и во согласност со меѓународните стандарди“, рече тој.

Инаку, во текот на денешните средби, заменик-помошникот државен секретар изразил благодарност за учеството на македонските војници во мисијата ИСАФ во Авганистан, а се разговарало и за подобрување на трговската соработка како и привлекување на повеќе странски инвеститори. Хојт Брајан Ји на оваа функција доаѓа на местото на поранешниот американски амбасадор во Македонија Филип Рикер. Ји е дипломат од кариера кој служел на голем број функции во американската администрација, а на високата позиција во Стејт Департментот е именуван од местото заменик амбасадор на САД во Хрватска.
XS
SM
MD
LG