Не може да се очекува внатрешен консензус меѓу политичките партии за спорот со името со Грција во наредните месеци, велат експертите. По недобивањето датум за отпочнување преговори со ЕУ на Македонија и натаму и останува пристапниот дијалог, спроведувањето на реформите и статус-кво ситуацијата со спорот со името.
Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески вели дека тој уште во 1992 година повикал на консензус за прашањето, но дваесетина години подоцна нема реални изгледи дека нешто драматично во престојните месеци ќе се промени.
„Едноставно македонската политика, македонското општество има голем дефицит на култура на дијалог, значи ние не сме општество кое е подготвено да разговара, да прави компромис, да гради единство.“
Поранешниот амбасадор Ристо Никовски вели дека сериозен проблем за Македонија е домашната неусогласеност со името.
„За жал тоа ќе продолжи и понатаму бидејќи претстојните избори не дозволуваат некој исчекор во позитивна насока, според тоа и во блиска иднина ќе мораме да сметаме на големо домашно разногласие кое во огромна мерка не хендикепира на меѓународната сцена.“
Според Малески искуството кое го има Македонија е уништување на политичкиот противник и политичарите се натпреваруваат во таа вештина и само во тоа се покажале успешни до сега.
„Можеби само од некаква непредвидена политичка криза евентуално може да се роди свест за тоа, но додека тоа не се случи, ќе се смета дека е се во ред и дека практично ништо така сериозно не не притиска. И пораките од Македонија до странците ќе бидат-размислите што правите вие, ние ќе продолжиме со реформите, кога ќе бидете подготвени да не прифатите такви какви што сме.“
Никовски смета дека ако било што сакаме да постигнеме тоа треба да биде иницирано од Македонија и нема сомнеж дека името и натаму ќе биде проблем за кој ќе се конфорнираат политичките субјекти.
„Меѓутоа мораме да кажеме дека власта има одреден позитивен став дека тука не се можни стратегиски отстапки, меѓутоа недостасува еден друг елемент кај власта, а тоа е агресивен настап на меѓународната сцена во одбрана на нашите фундаментални интереси.“
Малески порачува дека единството значи и отстапки од сите кои би учествувале во процесот. Никовски, пак, смета дека е потребна офанзивност за зајакнување на нашата позиција.
Едноставно македонската политика, македонското општество има голем дефицит на култура на дијалог, значи ние не сме општество кое е подготвено да разговара, да прави компромис, да гради единство.Денко Малески, поранешен министер за надворешни работи.
Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески вели дека тој уште во 1992 година повикал на консензус за прашањето, но дваесетина години подоцна нема реални изгледи дека нешто драматично во престојните месеци ќе се промени.
„Едноставно македонската политика, македонското општество има голем дефицит на култура на дијалог, значи ние не сме општество кое е подготвено да разговара, да прави компромис, да гради единство.“
Поранешниот амбасадор Ристо Никовски вели дека сериозен проблем за Македонија е домашната неусогласеност со името.
„За жал тоа ќе продолжи и понатаму бидејќи претстојните избори не дозволуваат некој исчекор во позитивна насока, според тоа и во блиска иднина ќе мораме да сметаме на големо домашно разногласие кое во огромна мерка не хендикепира на меѓународната сцена.“
Меѓутоа недостасува еден друг елемент кај власта, а тоа е агресивен настап на меѓународната сцена во одбрана на нашите фундаментални интереси.Ристо Никовски, поранешен дипломат.