Достапни линкови

Каков шеф на државата ни треба?


Остануваат помалку од два месеци до изборите, а партиите се уште не излегле со свои кандидати, па оттаму и граѓаните не се многу заинтересирани за избори.

Не не интересира политика, не знаеме за кого ќе гласаме, велат граѓаните иако наскоро не очекуваат претседателски избори. Остануваат помалку од два месеци до изборите, а партиите се уште не излегле со свои кандидати, па токму затоа и граѓаните не се многу заинтересирани за тоа како шеф на државата ни треба.

„Не сум многу размислувала, оти не ја следам многу политиката, не знам како ќе биде, народот ќе одлучи на избори.“

„Ќе гласам за партиски кандидат, поточно за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.“

„Навистина не знам што да кажам, мене и досега ми се допаѓаше Ѓорге Иванов, единствена и влада и претседател што името не го даваат, мене најмногу ми е за името.“

„Партиите многу лошо направија за народот, не е важно која партија е, јас не би знаел на кого да му го дадам својот глас“, велат дел од анкетираните граѓани во рубриката Хајд Парк.
Граѓаните незаинтересирани за претседателските избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:44 0:00

Ние сме сведоци години наназад, на неколку изборни циклуси кандидатот на крај се претставува и ние како граѓани мораме да се прилагодиме на побрзо темпо на анализа, на одлучување за кон кандидат ќе гласаме.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.
За жал кај нас стана традиција на два-три месеци пред избори ние се уште да не ги знаеме кандидатите,вели аналитичарот Алберт Муслиу. Па оттаму, додава тој, не ставаат пред свршен чин, ние не можеме да правиме анализи, да видиме што нудат тие.

„Ние сме сведоци години наназад, на неколку изборни циклуси кандидатот на крај се претставува и ние како граѓани мораме да се прилагодиме на побрзо темпо на анализа, на одлучување за кон кандидат ќе гласаме. Ако претседателот го бираат
граѓаните, мислам дека е редно претседателските кандидати многу порано да се објават, за да може да поминат низ ситото на граѓаните, а не само да ги задоволат потребите на политичките партии“, вели Муслуи.

ДУИ предлага консензуален претседател, оти какао што велат ако одат со сопствен кандидат знаат дека тој нема да победи. Тие остануваат на својата идеја и велат
Не можам воопшто да тврдам, ниту пак да се согласам дека избор на консензуален претседател би значело внесување на повеќе демократија.
Горан Илиќ, универзитетски професор.
дека за тоа зборуваат и со својот коалиционен партнер. Но од ВМРО-ДПМНЕ се уште нема официјален изјава на оваа тема. Од СДСМ соопштија дека на избори одат со сопствен кандидат. Ниту некоја од помалите партии досега не излегла со име. Имињата на кандидати се уште се чуваат, одвреме навреме ќе излезе некои име и толку.

Универзитетскиот професор Горан Илиќ вели дека тезите за избор на консензуален претседател од една страна се небулозни, но од друга страна се тенденциозни, односно можеби имаат намера да протуркаат некоја измена којашто го засега и задира директно во уставниот поредок на Република Македонија. Тој се сомнева во изјавите дека таквиот тип на избор на претседател ќе придонесе за повеќе демократија.

„Не можам воопшто да тврдам, ниту пак да се согласам дека избор на консензуален претседател би значело внесување на повеќе демократија. Проблемот на македонскиот политички систем од 2001 година е тоа што ние веќе градиме еден тип на консоцијална демократија која и не е многу блиска со основниот концепт на демократијата. Доколку сакаме да направиме пробив во демократските процеси ние дефинитивно треба да почнеме да ги правиме од други позиции, во тој случај сметам дека околу функцијата претседател нема зошто толку да се кршат копја.“

Претседателските избори параат во сенка на можноста од предвремени парламентарни избори. Партиите се уште тактизираат со тоа дали напролет не очекуваат двојни избори.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG