Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги распиша претседателоските избори.
„Изборот за претседател на Република Македонија се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Имајќи во предвид дека на 20 април е големиот христијански празник Воскресение Христово, почитувајќи ги чувствата на сите верници од христијанска вероисповед и водејќи сметка тогаш да не биде ниту првиот, ниту вториот круг, одлучив изборот за претседател на Република Македонија да биде на 13 април 2014 година", соопшти Претседателот на Собранието.
Но. за разлика од развиените демократски земји каде многу однапред јавноста ги знае имињата на потенцијалните кандидати, кај нас тие сè уште се чуваат под маса.
Од опозицискиот СДСМ велат дека таквото тактизирање е резултат на немањето фер противник, поради што и не може да се очекува фер кампања. Од оваа партија велат дека ќе ги почитуваат законските рокови за поднесување на кандидатските листи, но дека имињата не ги откриваат предвреме поради црните кампањи на владејачката партија.
И додека ВМРО-ДПМНЕ сè уште нема официјална потврда за претседателскиот кандидат зад кој ќе застане, како и конечна одлука за тоа дали ќе има предвремени парламентарни избори, од нивниот коалиционен партнер, Демократската унија за интеграции, потврдуваат дека предвремените парламентарни не се исклучени, ако не биде прифатен нивниот предлог за консензуален претседател.
„Ние во моментот сме во рамки на законските рокови за претседателските избори. За парламентарни избори не е дискутирано меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ досега, отворено е како прашање во ДУИ, тие би биле опција доколку би бил негативен одговорот за за консензуален кандидат“, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
Дел од политичките аналитичари, пак, сметаат дека политичките партии уште еднаш покажале дека се несериозни и неодговорни кон граѓаните. Универзитетскиот професор Алајдин Демири вели дека молкот на партиите за тоа кои се кандидатите за претседател и за тоа дали заедно со нив ќе се случат и предвремени парламентарни е дел од политичките математики и манипулации.
„Власта постојано калкулира. ДУИ овој пат излезе со едно нелогично барање, а тоа е консензуален претседател, опозицијата нема понуда, додека ДПА тука е малку поконкретна дека не е заинтересирана за овие претседателски избори, додека СДСМ по сè изгледа дека бара поддршка од некаде“, вели Демири.
Однесувањето на партиите, професорот Никола Дујоски го доведува во врска со законската регулатива, која, како што вели, им дава преголем простор на партиите за меѓусебни договарања.
„Никаде нема обврска дека кандидатите треба да бидат обзнанети многу порано, не постојат обврски кандидатот да биде тој и да биде зацементиран, партиите си имаат внатрешни акти во коишто јасно предвидуваат во кои рокови ќе го направат тоа“, изјави Дујоски.
Целта на оваа предизборна драма, како што ја нарекува Демири, е ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ја задржат власта и да ги задоволат политичките интереси. Опозицијата, според него, е збунета и сè уште слаба за да се спротистави на владејачката гарнитура.
Според законските процедури, редовните претседателски избори треба да се одржат во периодот од 12 март до 12 мај. Дали ќе има или нема да има предвремени избори е во надлежност на Собранието, кое треба прво да се самораспушти за потоа да се одржат изборите.

За парламентарни избори не е дискутирано меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ досега, отворено е како прашање во ДУИ, тие би биле опција доколку би бил негативен одговорот за за консензуален кандидат.Бујар Османи, портпарол на ДУИ.
Од опозицискиот СДСМ велат дека таквото тактизирање е резултат на немањето фер противник, поради што и не може да се очекува фер кампања. Од оваа партија велат дека ќе ги почитуваат законските рокови за поднесување на кандидатските листи, но дека имињата не ги откриваат предвреме поради црните кампањи на владејачката партија.
И додека ВМРО-ДПМНЕ сè уште нема официјална потврда за претседателскиот кандидат зад кој ќе застане, како и конечна одлука за тоа дали ќе има предвремени парламентарни избори, од нивниот коалиционен партнер, Демократската унија за интеграции, потврдуваат дека предвремените парламентарни не се исклучени, ако не биде прифатен нивниот предлог за консензуален претседател.
Никаде нема обврска дека кандидатите треба да бидат обзнанети многу порано, не постојат обврски кандидатот да биде тој и да биде зацементиран, партиите си имаат внатрешни акти во коишто јасно предвидуваат во кои рокови ќе го направат тоа.Никола Дујоски, универзитетски професор.